Може да се искористи како дел од генератор на сигнал, ако сигнал генераторот нема опција да генерира правоаголен сигнал, може да се искористи ова коло како генератор на правоаголен сигнал, каде тригерот за колото се зема од синусоидалниот излез на сигнал генераторот.
Инаку повеќето типови на сигнал генератори се прават баш на тој начин, се генерира една бранова форма, на пример сиусоидална, па потоа сигналот од синусоидалниот напон се носи на влез на некое вакво коло кое на својот излез генерира правоаголен сигнал и со определен преклопник се менува кој сигнал сакаш да го имаш на излез од сигнал генераторот, дали синусоидалниот или правоаголниот. На сличен начин, со помош на интегратор, може од правоаголниот сигнал да добиеш „пилест“ сигнал (рампа)
.