Ми допадна една едноставна ,но многу ефективна и потребна шема за алатка - испитувач на прекин на континуитед на намотка.Прва мисла ми беше намената - за трансформаторски намотки,каде немате увид дали е изгорена,во прекин или пак во краток спој.Ја направив набрзина,но работеше.Ја пробав на еден трафо од видео рекордер ,со повеке изводи и функционираше солидно.Да напоменам, неонката е тлеалка (тињалица,глим ламба или како се се вика).Се продава како сигнална ламба за 220 V и ја има во електричнни шпорети,греалки,бојлери.Неончето е сериски врзано со еден отпорник во кукиштето ( 100 К мислам беше),кој треба да го исфрлите и ставите сериски отпорник како на шемата.Размислувам како наједноставно да го вградам во некој испитувач со 2 пипалки,батерија од 9V ,со стабилизатор од 6V и вграден тастер во пипалката.Се на се - користен уред,макар што немав прилика да го испробам за разни видови намотки.