Полека се наближуваат натпреварите на Народна Техника и еве ке ви представам неколку конструкции кои се веке изработени и се покажаа како успешни.Добра конструкција е овој С- метар ,наменет пред сеза мерење на електролити со големи вредности.Проблемот на големите електролити веројатно ви е познат.ЕСР вредностите се битни,меѓутоа се слушува капацитетот да е опаднат а ЕСР вредноста на електролитскиот кондензатор да е во граници на нормала.Тоа е можно кај електролити од 5-10-15.000 МФ .До тие граници и оди мерењето на овој инструмент.Од шемата гледате отприлика за што се работи.Потребен е стабилен извор на напон за IC,потоа добри вредности за отпорниците во колото на преклопникот и малку мачење околу подесувањето.Се разбира повеќеобртен потенциометар за подесување,напон 12 V стабилизиран,200мА инструмент со што поголема скала.Потребни се солидни преклопници.Оној преклопник со 2,2 оми отпор служи за празнење на електролитот ( значи треба да е изваден, најдобро),макар што може и на плоча директно да се мери! Се на се ,уред кој може да ви послужи за мерење и споредување на електролити.Ако имате нови и солидни по квалитет електролитски кондензатори може да ги споредувате ,односно да видите кои од нив помалку или повеќе *истекуваат*. Уредот се уште не е ставен во кутија,но е многу солидно изработен на плочка 100х60 мм.ке ја ставам само оригиналната електрична шема ,а другото треба самите да го направите- плочка,кутија...