Оваа шокантна вест јас ја слушнав кога бев на одмор во Австралија. Таму има сателитска програма и се фаќа МТВ, скоро секој ден гледав вести. Веста за хеликоптерската несреќа ме погоде многу, млади војници загинаја поради неисправни инструменти. Срцето ми се скрше кога ги даваја имињата и сликите на загинатите го препознав Капетан Игор Ѓорески. Тој беше командир на караула богородица каде што го отслужував воениот рок. Беше навистина прав другар со сите војници, заедно правевме заседи и патроли на граница. Знаеше како да ги мотивира војниците и воениот рок беше многу убав.
Слава и чест на македонските синови што го загубија животот во таа кобна несреќа.
Игоре, ми беше посебна чест да го отслужувам мојот воен рок на караула богородица каде што ти беше командир, службата секогаш беше забавна со тебе бидејќи знаеше како да постапуваш со војска бидејќи и ти почна како обичен војник. Пред се ние тебе те гледавме како војник и другар рамноправен со нас, некогаш заборававме дека ни си старешина. Никогаш не го повише тонот кон ниеден војник. Ти се грижеше за нас, ништо не смееше да ни фали и сите те слушавме бидејќи сите те сакавме. Засекогаш ќе останеш дел од нашите најубави војнички спомени.
Почивај во мир Капетане, никогаш нема да бидеш заборавен
со почит: десетар: Љ. Димовски