Author Topic: Криптовалути, копање, итн.  (Read 18259 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Криптовалути, копање, итн.
« Reply #15 on 29.05.2021, Saturday, 23:19:53 »
Ако ви рече некој да се зачлените на ETH ads на телеграм, не прифаќајте, тоа е измама и нема пари во истото. Добро би било да направиме тема за ваков тип на заработки и да споделуваме искуства за реалните начини на заработка и за лажните.

Добро де, може тука во темава да се праша и да се одговори тоа, ако гледаме дека ептен има дискусија, може и посебна секција да се отвори, не е проблем :).

Гига, кој коин препорачуваш да се купи?

Не купувај коини, копај... не ради друго, после криво ќе ти биде за фрлената пара ако падне коинот ;). Мада и вака ќе фрлиш, за струја, али барем нема да мислиш дека директно од џеб си ги дал :P :D ;D.

Најдобро купи си злато (турска лира пример). :)

Во право е ;). Злато само нагоре оди, скоро никад не паѓа надолу. Инвестиција која апсолутно се исплати ;).

Прост пример, за време на коронава, златото рипна скоро дупло ;D ;D ;D... не ме прашувајте како, не знам, ама а има лош настан на светско ниво, а добар, не е ни важно, само нешто важно да се случи, златото рипа ;D ;D ;D.

Има крипто валути кои вредноста им е базирана на вредноста на златото:" Tether Gold (XAUT) Gold Coin (GLC) DigixGlobal (DGX)  Perth Mint Gold Token (PMGT)"  ако е некој љубител на злато може да си купи од нив.

Е ова е добра информација, не сум го знаел ова ;).

Моментално вредноста на  скоро сите валути паѓа, јас мислам дека најдобра опција е да се поседува неколку различни валути.

Рипна наеднаш и после почна да паѓа... ОК, али не падна под вредноста од која наеднаш рипна ;).

Јас минатата недела купив Helium(HNT) според тоа што читам е една од подобрите опции моментално, вредноста се качува, мислам дека септември ке се случи(Halving) заработката од копање ке се намали(ќе треба дупла работа за иста вреднос). Сите предвидувања викаат дека до крајот на годината ќе надмине 100$.

Да, ова заборавив да наведам... дефинитивно имајте си роковник кога има halving на некој коин. Алгоритмот станува дупло покомплициран за копање, автоматски цената мора да падне. Ова е МНОГУ МНОГУ важна работа. Единствена сигурна работа по која може сигурно да сметате дека ќе падне цената на коинот е halving-от ;)... мада, да бидам искрен, и оваа не е 100%-но... имало ситуации со BTC кога имало halving, а цената не паднала... мада он е прв, па и тоа играло улога сигурно, но скоро со сите други коини, да, секогаш било вака.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Криптовалути, копање, итн.
« Reply #16 on 29.05.2021, Saturday, 23:37:39 »
Реков злато затоа што секоја држава си билда свои државни резерви на злато а не во некој друг благороден метал или камен, значи не е  случајно резервите да бидат во злато. :)



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Криптовалути, копање, итн.
« Reply #17 on 29.05.2021, Saturday, 23:42:04 »
значи не е  случајно резервите да бидат во злато. :)

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Криптовалути, копање, итн.
« Reply #18 on 30.05.2021, Sunday, 15:33:32 »
За да тргуваш со злато треба многу повеќе пари(поголема инвестција) и колку што знам јас неможе директно да се тргува со злато ако си приватно лице. Треба да се оди преку брокери берзи и сли.
Зависно од каде живееш копањето/mining најчесто не се исплаќа индивидуално, новите asic за  bitcoin се околу 10к евреа трошат повеќе од 1,5KW  со една машина ке треба да копаш во некој рудник/Pool, и таму ќе треба да плаќаш провизија, ќе треба да плаќаш провизија и доколку сакаш да ги конвертираш или купиш нешто со нив. Едноставно не се исплаќа за домашни корисници.
Со некои валути копањето во домашни може да се заработи за неколку пива ако копаш цел месец.
Според мене подобра опција е STAKING некои од берзите Coinbase BInance( за нив знам) дозволуваат STAKING на unmineable валути, зависно од валутата и времето берзите плаќаат провизија за тоа. 
Колку што знам јас кога се случува halving цената оди нагоре не надолу, бидејки станува потешка за работа и понедостапна а со тоа и повредна.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Re: Криптовалути, копање, итн.
« Reply #19 on 30.05.2021, Sunday, 16:31:11 »
Во овој моент никој незнае во што да инвестира.Погледнете го движењето на цени на обоени метели и железото во последнава година ,ненормален раст .
Исто важи и за сировата пластика чиповите и превозот.Но уште поголем проблем е што не е можно да се набават сировини.производителите кажуваат дека сите капацитети се ангажирани до нова годна. До каде ќе оди ова не се знае ,а се стравува и од крах на цените како во 2008 година.

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 78
Re: Криптовалути, копање, итн.
« Reply #20 on 30.05.2021, Sunday, 16:47:12 »
Челикот, пластиката, бакарот се е покачено за 100% . Исто така, транспортот од Ќина, односно превозот на контењерите е поскапен 400-500% .

А дали може да се купи некој коин, без учество на некоја банка. И дали купувал некој од коин трезор во гтц.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Криптовалути, копање, итн.
« Reply #21 on 30.05.2021, Sunday, 17:54:26 »
Незнам како мислиш без учество на банка?
За да купиш коини преку некоа берза треба да депонираш пари, незнам дали некоја берза дозволува депонирање преку алтернативни методи како  alipay paypal и сл, Coinbase дозволува повлекување пари преку paypal но моментално не и депонирање.
Без учество на банка, депонирање преку банкарска сметка, може од некој да купиш директно за кеш.

Моментално се е поскапено, на некои производи цените се астрономски а има и недостаток на многу производи осебено во електрониката.
Според некои економски експерти се очекува економска криза како таа 2008.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Криптовалути, копање, итн.
« Reply #22 on 30.05.2021, Sunday, 19:10:46 »
ај нека рокнит да видат другите како ни е нас xD
На што се должи поскапувањето ?
Челикот, пластиката, бакарот се е покачено за 100% . Исто така, транспортот од Ќина, односно превозот на контењерите е поскапен 400-500% .

А дали може да се купи некој коин, без учество на некоја банка. И дали купувал некој од коин трезор во гтц.
Поентата на бц е да избегнеш банка.
имаш некое видео за бегинерс.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Криптовалути, копање, итн.
« Reply #23 on 30.05.2021, Sunday, 20:10:19 »
Незнам како мислиш да видат како ви е на вас, кој да види?
Ако/кога ќе се случи економска криза ќе осетат сите,  од врвот до дното, на врвот ќе се осети најмалку а на дното најмногу.
Поскапувањата се должат пред се на недостатокот на репроматеријали и суровини, многу производители не работе скоро една година, сите почнуваат или почнаа со работа, сите бараат материјал за работа и тоа креира недостаток.
Има и промени на закони. Европа сака да врати дел од производството во назад, да не биде зависна од кина. Политичките кавги помеѓу големите исто така влијаат, циркусот кој се случува во америка влијае.

Поентата на bitcoin и на многу други крипто валути беше да биде децентрализирана валута да не биде контролирана од ниедна банка или држава и  нивната вредност да не зависи од банка или држава. За жал кога крипто стана профитабилен бванките преку разни фондови се вмешаа и со купувањето и тргувањето на крипто за милјарди долари ја манипулираат цената на крипто валутите. Сега сите големи банки имаат свои крипто валути има и држави кои најавија издавање на сопствени дигитални валути.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Криптовалути, копање, итн.
« Reply #24 on 31.05.2021, Monday, 00:59:57 »
„Незнам како мислиш да видат како ви е на вас, кој да види? “
Македонците, во криза сме 30 години, ни производство ни бутур.
Сите сакаа да увезуваат од кина, за да им биде чисто, ама некако слабо ја изменаџираа ситуацијава, иако беа предупредени.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Криптовалути, копање, итн.
« Reply #25 on 02.06.2021, Wednesday, 02:14:50 »
За да тргуваш со злато треба многу повеќе пари(поголема инвестција) и колку што знам јас неможе директно да се тргува со злато ако си приватно лице. Треба да се оди преку брокери берзи и сли.

Да де, нормално, мислев на ивестиција, како што рече, а не баш да си купам парче злато и да си го чувам и да чекам да му расте цена ;D.

Колку што знам јас кога се случува halving цената оди нагоре не надолу, бидејки станува потешка за работа и понедостапна а со тоа и повредна.

Имам обратно искуство... кога настана halving на BTC пред година или две (не знам точно кога беше), BTC падна... а и има логика зошто падна, стана понеисплатливо да се копа, цена на струја иста, парите (барем) дупло помалку.

Производителите кажуваат дека сите капацитети се ангажирани до нова годна. До каде ќе оди ова не се знае ,а се стравува и од крах на цените како во 2008 година.

Меех, ништо ново... а и се очекуваше... кога беше коронава во пик и ниедна фабрика во Кина не работеше, RAM се наплаќаше по чиш (мемориски чип), не по плочка ;D ;D ;D.

За жал кога крипто стана профитабилен бванките преку разни фондови се вмешаа и со купувањето и тргувањето на крипто за милјарди долари ја манипулираат цената на крипто валутите. Сега сите големи банки имаат свои крипто валути има и држави кои најавија издавање на сопствени дигитални валути.

Повторно, ништо ново... ако може да му зададеш вредност на парче хартија, зошто па да не може на hash/checksum ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."