Не ја пробувај шемата бидејќи ќе изгори моторот!!!
Асинхрон кафезен мотор (каков што е моторот од перачката машина) неможе на тој начин да се регулира!
Единствена можност за регулација на вртежите на асинхрон кафезен мотор е со промена на фрекфенцијата. Промена на фрекфенцијата може да се направи единствено ако направиш инвертор. Тоа воопшто не е едноставно и моментално шема за инвертор за Монофазен асинхрон мотор на форумот нема. Овој начин на регулација кој ти го дава Devil може да се употреби само кај мотор од правосмукалка, бормашина и слично (со четкици).