Провери, во Aida и тоа го пишува
. А инаку RAM-от е DDR, не е SD. Но сепак, не би препорачал да ставаш две различни мемории во него (пример 512MB и 256MB). Уште една 256-ка мислам дека сосема солидна работа ќе врши на таа машина, сепак, не е ганц нова. Не е лоша конфигурацијата, за сурфање врши работа, ама за нешто повеќе во моментов, не :S. Плус, мислам дека во повеќето BIOS-и за лаптопи (за desktop-и сум сигурен) може да се подеси колку да одзема графичката од RAM меморијата, така да, види во BIOS-от дали има таква опција и доколку има, намали ја меморијата која ја одзема. 16MB се повеќе од доволно за сурфање и по некое XviD филмче
(без некои претерувања со подесувањата за DirectShow на Media Player-от).