Author Topic: Трафо од телевизор  (Read 7405 times)

Offline Denimk

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: Трафо од телевизор
« Reply #75 on 27.10.2011, Thursday, 16:14:13 »
На еднонасочно мерам пошто има грејц на плочката од трансформаторот!

А има филтерски кондензатор поставено по грецот? И сигурен си дека грецот е 100% исправен?

еве кондензатор има а грејцот најверојатно работи пошто ми дава еднонасочен напон а не наизменичен!

Споено мислење: 27.10.2011, Thursday, 16:15:10
Пробај со друг универзален.Да не ти е тој * отиден*..
што да ми е отидено??

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Трафо од телевизор
« Reply #76 on 27.10.2011, Thursday, 16:15:27 »
Мери на наизменично подрачје на влез од грецот кај што идат жиците од трафото.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12892
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Трафо од телевизор
« Reply #77 on 27.10.2011, Thursday, 16:21:03 »
Мери на наизменично подрачје на влез од грецот кај што идат жиците од трафото.

Да, ама прво одлеми го грецот од тој излез од трафото, да не влијае врз мерењето ;). Не мора цел, доволно е едниот пин само ;).

И да, пробај со друг унимер мери, можно е да ти е зезнат тој ;). Ако дава исти резултати и со друг унимер, најверојатно е проблем исправувачот (грецот со кондензаторот). Ако на наизменично мерно подрачје мери се како што треба (и во двете насоки јавува исто), грецот и кондензаторот се проблематични, пробај смени ги со други и види дали тоа ќе го смени отчитувањето ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Denimk

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: Трафо од телевизор
« Reply #78 on 27.10.2011, Thursday, 16:47:21 »

Унимерот исправен го искарав едниот пин на диодата и пак исто!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12892
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Трафо од телевизор
« Reply #79 on 27.10.2011, Thursday, 16:50:36 »
Унимерот исправен го искарав едниот пин на диодата и пак исто!

Си го искарал? Како тоа си го искарал, му рече да не се зеза туку да работи како што треба ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Трафо од телевизор
« Reply #80 on 27.10.2011, Thursday, 16:54:55 »
Унимерот исправен го искарав едниот пин на диодата и пак исто!

Си го искарал? Како тоа си го искарал, му рече да не се зеза туку да работи како што треба ;D.

Искарал = извадил,  во овој случај го извадил едниот крај на диодата, а не го искарал инструменот ;D.

Offline Denimk

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: Трафо од телевизор
« Reply #81 on 27.10.2011, Thursday, 16:55:53 »
Унимерот исправен го искарав едниот пин на диодата и пак исто!

Си го искарал? Како тоа си го искарал, му рече да не се зеза туку да работи како што треба ;D.
хаха искарав=извадив  :D  патем има 5 диоди и незнам кои 4 се грејц т.е која не е грејц!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12892
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Трафо од телевизор
« Reply #82 on 27.10.2011, Thursday, 16:58:46 »
искарал=извадил,  во овој случај го извадил едниот крај на диодата, а не го искарал инструменот ;D.

А, ОК, не го знам секој дијалект, иако повеќето ги познавам и знам што значат, ама ова прв пат го сретнав ;D.

Па треба двата пина да ги одлеми, не само едниот, значи како што е врзан грецот, едниот крај има две диоди кои одат ко наизменичниот излез од трафото и на другиот наизменичен излез има уште две врзано. Доволно е само од едниот крај на излезот да ги извади двете диоди и кондензаторот (зависи како е изведено поврзувањето).

А најпросто едноставно да ја извади и одлеми целата плочка од грецот и да мери ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Denimk

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: Трафо од телевизор
« Reply #83 on 27.10.2011, Thursday, 17:10:16 (Edited 27.10.2011, Thursday, 17:18:25) »
искарал=извадил,  во овој случај го извадил едниот крај на диодата, а не го искарал инструменот ;D.

А, ОК, не го знам секој дијалект, иако повеќето ги познавам и знам што значат, ама ова прв пат го сретнав ;D.

Па треба двата пина да ги одлеми, не само едниот, значи како што е врзан грецот, едниот крај има две диоди кои одат ко наизменичниот излез од трафото и на другиот наизменичен излез има уште две врзано. Доволно е само од едниот крај на излезот да ги извади двете диоди и кондензаторот (зависи како е изведено поврзувањето).

А најпросто едноставно да ја извади и одлеми целата плочка од грецот и да мери ;).
Сепак изгледа ми е унимерот кога ќе го протресам ми покажува бројќи а на ништо не сум го приклучил, ај ќе го мерам со друг унимер па ќе видам шо ќе биде ако има проблем нешо пак ќе пишам позз!