Author Topic: Помош околу трансформатор од UPS  (Read 2724 times)

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Кај сте бе деќки ;D арни ли сте ми? ;D Знам дека ви се темни пред очи кога ќе видите ваков наслов, али па на мака сум, стварно не можам да се снајдам у ситуацијава. Имам два трансформатора од UPS, ама прво ќе побарам помош за поголемиот, малиот за во некоја друга прилика.

Според оваа тема

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5213.0

И туторијалот во PDF фајлот сигурен сум дека е на место, само што јас не сум баш на "ти" со математиката, а плус и барав некои информации на нет, и сега ми се испомешаа инчи, сантиметри, волти, успут некоја реклама "Дали сакате да го зголемите вашиот ....." ;D па вати, па јадра и уште не знам што, па сеа не знам на кај да терам ;D

Според туторијалот, го мерев јадрото на трансформаторот, и резултативе беа следни:


4cm



5cm


Е сеа, според формулата во PDF-от, рачунав 4х5=20, P=20х20, значи Р=400w (веројатно)

Меѓутоа, од следниов линк, на кој што можев да најдам некоја најприближна информација за ова трафо, излегува дека на Idle волтажата е 13.5V, а под терет е 12.5V со струја од 40А.
Code: [Select]
http://archiwum.allegro.pl/oferta/polski-transformator-430-7106b-12-5v-40a-i4576696413.html
Што ако се рачуна 12.5V x 40A= 500W

Додека пак на самиот UPS стои следново:



И сега ја што дафак да земам како точен податок? ;D Дали мојата калкулација која којзнае колку е точна, дали рејтингот од полскиот сајт, дали штампаното на UPS-от? Бидејќи не ги знам ни другите изводи за што му се на примарот, стварно не можам да одредам ниедна точна информација за трафово. На црната и на белата во примар кога ќе врзам 230V, на секундар имам околу 14V, другите не сакав да ги пробувам затоа што не сум сигурен за што се, дали се тапови за регулација на повисок понизок напон, пример 190V, 250V или за 110V, 120V, мада за ова второво не би требало да биде на 110-120V според пишаното на UPS-от дека влезот е 220-240V, ама кој да ги знае што трафо употребиле внатре, со оглед на тоа дека има 5 рељиња на 24Vdc што го одредуваат спојот на примар.

Еве како изгледа внатрешноста од контролната електроника



Еве како изгледа трафото




UPS-от го земав без батери-и/ја, е сега и тука има проблем, не знам дали имало една батерија од 12V, две од 12/6V.... Покушав преку мало трафо од 220/12Vac на секундар да му пуштам на секундарот на големото трафо 12Vac и на примарот од големото добив помеѓу црна и бела околу 170Vac, веројатно заради загубите на некое од трафата или што знам, моја претпоставка е дека би требало да добијам меѓу црна и бела околу 220-230AC, a помеѓу зелена и жолта добивам околу 25Vac, што во некоја рака би ги објаснило релињата што се на 24Vdc.

Сума сумарум, доколку не ви е мака, помогнете малку околу недоумициве што ме мачат, сепак е подруго кога неколку поискусни луѓе од мене ќе ја разгледаат ситуацијата од неколку агли, отколку јас сам да експериментирам и да донесувам заклучоци.
Благодарам однапред, енд хев а најс деј :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
4^2*5^2 = 400w

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Погрешно го мериш пресекот јадрото, првата димензија е ОК (4cm), за втората треба да ја измериш дебелината на пакетот со лимовите, види овде на сликата:

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5213.msg97886#msg97886

Кај тебе a е 4cm, треба да го измериш b.
Помножи ги тие две вредности, добиениот резултат на квадрат и ќе ја добиеш моќноста на трафото...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
сега приметив дека лошо си мерел... имено ти треба пресек на јадрото, значи само делот што го зафаќаат намотките. инаку, ако трафото 400w може да даде снага од 1500w, но не континуирана,  односно неколку минути,  за што најчесто се користи

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Дечки, бидејќи ми дојдоа малку конфузни вашиве мислења (не велам дека се грешни), за да не ви го трошам времето, направив неколку слики со мерки, па ако не ви е проблем само да ми кажете под кој број всушност се правилни мерењата, и тоа е тоа, да си знам за другпат, дури и да заборавам, да си ја погледнам темава и да се присетам :D

Број 1, се надевам Тома на ова мислеше, или на тоа под број 2

7.3cm


Број 2

5cm


Број 3

4cm

Број 4

9.5cm


Ако добро сфатив, број 2 и 3 се тие што ми требаат, што фактички ќе му дојде 5х4цм.

Бицикле, прав си друже. И преку 400вати трафо може да се добие таа снага, ама во краток период, колку што трае батеријата, 5-10 минути максимум, и после тоа можеш јајца да пржиш на UPS-от.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Не знам што те буни, на сликата што ти ја посочив убаво се гледа кои димензии ти требаат... :D
Како и да е, сликите 2 и 3 се она што ти треба, значи 4 x 5cm = 20cm2, 20 на квадрат е 400, значи трафото е 400W.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Очигледно техниката и математиката не ти одат заедно.Не мора за најпроста работа толкави слики да ставаш.
Еве како се мери површина на трафо лим

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote
Број 1, се надевам Тома на ова мислеше, или на тоа под број 2
Тоа под број 2
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Лордзи и Тома, ви благодарам многу. Ете, научив нешто, а патем и добив корист од трафото ;)

Батка, ти очигледно имаш некој проблем со изразувањето, бидејќи не верувам да си толку негативен човек. Првпат да замериш, не ти е првпат, кај и да пишам, имаш некој солен коментар. Пишувам кирилица секој пат, почитувам граматика, се трудам секогаш најдетално да објаснам за да не трошам залудно нечие време, ги почитувам останатите членови и ги третирам ништо помалку од професионалци.

Сепак, ти секогаш наоѓаш начин да доделиш некоја негативна критика, те некој не бил професионалец, те некој не му одела техниката и математиката, те некој не е генијалец како тебе.... И тоа го забележувам во скоро секоја тема каде што има твое мислење. А според мене еден модератор треба да е пример за целата заедница и секогаш да биде љубезен со сите, освен кога се упатени лични навреди кон него или кон некој член на форумот или се сериозно прекршени некои основни правила, посебно на еден јавен форум кој е единствен од ваков тип во целата република.

Премини на XenForo, земи под закуп подобар хостинг и набави посаглам интернет, 21 век сме. Така нема да имаш проблем со големината на фотографиите кои се намерно ставени во цела големина за да некој може да погледне набрзина и да искуца само два три збора и да ме посочи некаде. Ниту се прикачени на форумов, ниту ти прават зијан.

Колку за твоја информација, немам учено никакво школо за ова, не ми е професија, не се занимавам секојдневно со вакви работи, туку првенствено ми е хоби, а и сакам да учам одвреме навреме по нешто да свртам памет од овој луд свет што не опкружува. Да знаев што како се прави, немаше воопшто да прашувам и да замарам некого. Затоа и немам премногу мислења овде а сум постар член.

Се надевам оваа критика ќе ја сфатиш позитивно и ќе промениш некои работи во однесувањето заради доброто на форумот и односот со членовите. Не сакав толку да изнапишам, меѓутоа не можам да дозволам на секое мое појавување на форум, обавезно некој да си лечи комплекси на мене, имам 30 години и не сум средношколче на кое можеш да му кажеш било што. Член сум и на други форуми каде што сум респектиран и немам забележано модератор да се обраќа вака.

Во врска со сликите, слободно можеш да ги избришеш, исто како и темата, доколку некое од тие не ти се допаѓа како е поставено, формирано, организирано, правилно употребени интерпункциски знаци, србизми итн итн. Сепак е твој форумот и можеш да си го организираш по мерак.

До останатите, уште еднаш големо благодарам за помошта. За волтажите и за вториот трансформатор ќе се снајдам како знам и умеам, доволно ви го трошев времето :)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Нема да трае ни 5 минути, барем кинескине не траеја толу, и после пола саат му треба ладење пошто како што  рече можеш јаја да пржиш на него, така да не ја земај како релативна вредност таа снага од 1500w.. За што планираш да го користиш, бидејќи како мрежно трафо пстојано грее, не многу но сепак грее.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Помош околу трансформатор од UPS
« Reply #11 on 25.06.2016, Saturday, 00:53:20 (Edited 25.06.2016, Saturday, 01:55:31) »
Цитирам:Батка, ти очигледно имаш некој проблем со изразувањето, бидејќи не верувам да си толку негативен човек. Првпат да замериш, не ти е првпат, кај и да пишам, имаш некој солен коментар. Пишувам кирилица секој пат, почитувам граматика, се трудам секогаш најдетално да објаснам за да не трошам залудно нечие време, ги почитувам останатите членови и ги третирам ништо помалку од професионалци.

Сепак, ти секогаш наоѓаш начин да доделиш некоја негативна критика, те некој не бил професионалец, те некој не му одела техниката и математиката, те некој не е генијалец како тебе.... И тоа го забележувам во скоро секоја тема каде што има твое мислење. А според мене еден модератор треба да е пример за целата заедница и секогаш да биде љубезен со сите, освен кога се упатени лични навреди кон него или кон некој член на форумот или се сериозно прекршени некои основни правила, посебно на еден јавен форум кој е единствен од ваков тип во целата република.

Еве што јас прокоментирав -
Очигледно техниката и математиката не ти одат заедно.Не мора за најпроста работа толкави слики да ставаш.

Не гледам проблем во изразувањето,бидејќи само констатирам нешто,без  натамошни коментари.Немаше потреба два пати да ги ставаш сликите во постот.Толку.



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу трансформатор од UPS
« Reply #12 on 25.06.2016, Saturday, 07:37:43 (Edited 25.06.2016, Saturday, 07:51:01) »
Не е проблемот во големината на сликите (резолуцијата), повеќе е во компресијата ;).

@Danielco: Совет за во иднина... не само за форумов, општо, за online image content ;): нема потреба од повеќе од 80% компресија на JPEG материјал ;). Проверено, какво сака нека е човечкото око, не прави разлика меѓу оригинална (uncompressed) слика и слика со 90 или над 90% компресија. Повеќето луѓе (обични смртници ;D) нема да направат разлика меѓу uncompressed слика (bmp или png со 24-bit lossless компресија) и JPEG со 80% компресија ;). Освен тоа, за ваков тип на материјал, може да заврши работа и 70 или 60% компресија... но, да не навлегуваме во „семантика“, поентата е: нема потреба од „не знам каков“ квалитет на слика за ваков тип на материјал ;). Резолуција... да, можно е да треба, но компресијата... може слободно да оди и до 50%.

Е сега, може ќе прашаш „од каде ти се овие проценти на компресија, повеќето програми имаат подесувања како High, Medium, Low Quality, итн.“. Да, во право си, поголемиот дел од софтверите за „обработка“ на слики (рекомпресија и можеби simple crop или нешто слично) под Windows не нудат некои детални опции за квалитетот на компресијата, но има и такви кои нудат ;). Некои користат и Photoshop за обичен crop или рекомпресија на слика (не ми е јасно зошто ;D, но ОК ;D). Јас го користам FastStone Image Viewer (има и неколку други кои имаат слични интерфејси и малку подетални опции за компресија... понекогаш многу подетални и од некои професионални програми) и еве како изгледа quality/size ratio во него по рекомпресија на една од сликите кои ги имаш поставено ;).



Твојата слика беше на 97% Quality. Ако сакаш ќе ја post-ирам и сликата со 80% комресија, ти гарантирам дека со голо око, дури и со 3X zoom на сликата, нема да направиш разлика меѓу оригиналната веризија (со 97% Quality) и компресираната (со 80% Quality), а големината на сликата (во MB) се намалува за дури 3.4 пати ;). Тоа е огромна заштеда на bandwidth (за оние кои имаат интернет конекции со ограничени пакети) и loading speed (за оние со поспор broadband интернет... а верувај, нивниот број сеуште не е занемарливо мал).



Околу проблемот... останатите членови ти одговорија ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."