Прашањево може да звучи малку чудно, но кога ќе образложам зошто, ќе ви стане јасно
.
На пример, имате ново PC и нема на него COM или LPT порти, но имате стара PIII-ка, PII-ка или P4-ка кој не ја користите за ништо, а ви требаат овие порти од неа. Сите знаеме колку се добри USB конверторите на порти за потребите во електрониката
, па поради тоа мораме да се снаоѓаме. Прашањето е релативно едноставно, како може да ги поделам овие порти низ мрежата, или евентуално да ги „прераспределам“ само едно PC да може да ги користи (нешто како прераспределување на хардверски ресурси ќе му дојде, но не баш така)?
Уште една причина за делење на било какви хардверски ресурси низ мрежата: имате само еден DVD режач, а имате многу компјутери, некои од нив може да се и во иста просторија. Ај, ова е лесно, shared drive и нема проблем, ама прашњето ми се надоврзува (донекаде) со претходното. Дали постои програм или алатка (во било кој оперативен систем) со што може ова да се направи, општо, за било какви хардверски уреди кои едно PC ги има, а друго сака да ги користи (тука спаѓаат и USB порти, но не може да спаѓаат, на пример, графички карти). Пример, приклучувам USB меморија на едно PC и ми ја јавува на друго PC преку Ethernet и можам да пишувам, читам од неа, се преку Ethernet. На првото PC не мора ни да ја јави, само треба да ги препрати податоците преку мрежа до друго PC
. Исто така многу битно прашање би било, дали и двете машини мораат да имаат ист опреативен систем или не. Не би имал проблем таа машина на која сакам да и ги „крадам“ ресурсите да ја конфигурирам и под UNIX (таа и онака најверојатно нема да има ни монитор, само bare bones, колку да работи), ама би имал проблем кога би морал под него да работам на другата машина.
Предлози, идеи, искуства, било што од ова е добредојдено
.