Гига да те корегирам, кај лампашките предзасилувачи анодната струјата на напојување се мери во милиампери, така да напонот е прилично стабилен дури и со класичен трансформатор, а и колку да е напонот од овие SMPS напојувања испеглан сепак јас мислам дека би имало поголем шум и разни пречки во споредба со класично трафо. Класичното трафо прави само брумови со фреквенција од 50 или 100 Hz (зависно од тоа каков е гречот) а пак импулсните напојувања прават еден куп пречки, на фреквенцијата на работа, плус нејзини хармоници и субхармоници плус шум од прекинувачките транзистори. Имам напојувано транзисторски предзасилувачи со импулсно напојување и имав такви проблеми, кај ламбите проблемите веројатно ќе бидат поголеми поради повисокиот напон (повисок напон имаат и шумот и пречките).
Добро, да, во право си за ова, но јас повеќе мислев на нестабилноста на мрежниот напон
. Плус, мислам дека во повеќето switching напојувања, како и ова, филтерската секција (делот по switching трафото) има релативно ефтина изведба, како во случајот со првата слика (првото напојување, за 50W-ниот лампашки засилувач). Како што може да се види филтерски калеми нема, а да не зборувам па за Pi филтер, кој и онака најчесто е заменет со обичен RC или LC филтер (во конкретнава ситуација, само кондензатори има). 90% од проблемите кај ваквите типови на напојувања изглегуваат баш од таму, лоша филтерска секција. Со добра и предимензионирана филтерска секција, мислам дека овие проблеми ќе се сведат на минимум, а најверојатно и тотално ќе се изгубат (на пример, користење на квалитетни кондензатори со нисок ESR фактор, особено во филерската секција, користење на торусни калеми и некои други „финти“
).
Една од причините поради кои што мислам дека шемата под број еден би била добра за изработка е недостатокот на глобална повратна врска (преку оптокаплер), од каде следува дека корекцијата на напонот не се прави преку корекција на switching фреквенцијата (како што е тоа направено кај повеќето switching напојувања), туку се прави со обични зенер диоди, односно влезниот напон значително се разликува од излезниот напон. Плус, switching фреквенцијата е релативно висока (100KHz) и со малку подобрен филтерски степен, мислам дека би можело добро да функционира ова напојување за некој ламшпашки засилувач. За предзасилувач, мислам дека е во право ivica.s, не мора да се користи ваков тип на напојување
.
Имав прилика да видам едно старо радио од 1939 год,некој Телефункен ,за кој газдата во Австрија платил 1700 ЕУ и за малку ке добиел срцев удар затоа што му се откачила скалата!! За една врвца која му ја смениле дал 60ЕУ!! Каде сме тука ние??
Не знам, мое лично мислење е... ова е претеризам. На поголем дел од овие луѓе најголем дострел во електрониката им е бришење прашина од електричните уреди. Не може мене некој да ми рече дека 60 евра кошта една врвца, од што сака нека е направена, сигурно ќе и најдам адекватна замена за мноооооогу помалку пари. Плус, да го земеме во обзир и фактот дека повеќето од овие луѓе кратко речено имаат „вишок пари“ комплекс. Од што имаат толку многу пари, веќе не знаат што да им прават :S. И јас имам дома едно старо лампашко радио и несакајќи ми се скрши предната стаклена плоча (пукна на пола), па не се трексав од земја што не можам да најдам иста
, си реков „јеб*га, ќе си ја залепам, нема да биде како нова, ама тука некаде ќе е, на крајот на краиштата, битно е да работи, не планирам да го носам во музеј некој ден“, и си ја залепив и тоа беше тоа. Не ми паѓа на памет да фрлам 200, 300 или повеќе евра за иста половна плоча од некое друго радио
.