Ова е интересен дизајн на АМ приемник кој може да се користи за средни, долги и кратки бранови (до 6MHz) во зависност од употребениот калем. Интересно е што наместо со аналогни кола направено е со помош на CMOS дигитални порти поврзани во таканаречен линеарен режим на работа со што се добива доста големо засилување и добри перформанси на ова радио.
Колото е CD4011, диодата најдобро да е германиумска (ознака АА113) но ако немате ќе заврши работа со малку полоши перформанси и 1N4148. Калемот е околу 40 намотки на феритно јадро (0.8-1cm) за средни бранови, 100 намотки за долги бранови и 10 намотки за кратки бранови.