Author Topic: Решение за УСБ заштита  (Read 2068 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Решение за УСБ заштита
« Opened on 29.04.2011, Friday, 00:39:35 »
Еве едно решение за УСБ заштита.Ставете ги параметрите автоматски да се стартува и штиклирајте NTFS систем на заштита.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Решение за УСБ заштита
« Reply #1 on 29.04.2011, Friday, 23:08:41 »
за каква заштита станува збор и за кој тип усб-а е наменаета?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Решение за УСБ заштита
« Reply #2 on 29.04.2011, Friday, 23:38:18 (Edited 08.05.2011, Sunday, 19:17:50) »
Се работи за софтвер што го штити  компјутерот од вируси,тројанци итн.кои можат да се внесат преку УСБ стик!Автоматски се врзува на антивирусот и го прегледува секој стик кој е вклучен на УСБ порт на компјутерот!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Решение за УСБ заштита
« Reply #3 on 29.04.2011, Friday, 23:42:19 »
па ова мислам дека го нуди секој антивирус.... али ако е слободен софтвер, иако немаме лиценциран или хакнат антивирус е добра раота  ;D ;D ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Решение за УСБ заштита
« Reply #4 on 30.04.2011, Saturday, 00:21:22 »
Мое лично мислење, најпаметно, нека ви е подесено View Hidden Files and Folders и View System Files, ако видите на flash-от некои Hidden Files, особено ако се од типот на autorun.inf ;D, одма бришете ги.

Друга работа, изгасете Autorun на се, или само стиснете cancel па потоа десен клик на flash-от, Explore и од таму избришете се што е hidden, освен ако за нешто не сте сигурени дека намерно наместено да биде hidden ;).

Јас вака правам со години и од кога работам вака, никогаш немам фатено ништо од flash меморија ;). Само претпазливо, некои trojans намерно ќе направат hidden copies од фолдерите кои се на flash-от за да го излажат антивирусот дека станува збор за инфицирани фолдери. Потоа, најчесто ја копираат содржината од „исправните“ фолдери во тие кои се hidden, па доколку ги избришете hidden фолдерите (кои најчесто имаат исто име како тие кои не се hidden, плус некој знак, најчесто долна црта или извичник) ќе ви отиде и целот материјал од оригиналните фолдери, а оригиналните фолдери ќе бидат празни :S. Затоа пазете да не ви се случи ова, само ако сте сигурни дека во hidden фолдерите нема ваши фајлови (ова можете лесно да го откриете со оворање на фолдерите, нема да му се случи ништо ништо на компјутерот, тоа можам 100% да ви гарантирам, под услов претходно да не сте го активирале autorun.inf), само тогаш бришете ги hidden фолдерите ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Решение за УСБ заштита
« Reply #5 on 08.05.2011, Sunday, 19:19:50 »
Веројатно одамна од школо си излегол  :D :D Сега школиве вријат од вируси,спајвери, вормови,малавери,тројанци и секакви други бубачки од кои нема спас,ако учиш или работиш таму и употребуваш стик

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Решение за УСБ заштита
« Reply #6 on 08.05.2011, Sunday, 21:40:11 »
Веројатно одамна од школо си излегол  :D :D Сега школиве вријат од вируси,спајвери, вормови,малавери,тројанци и секакви други бубачки од кои нема спас,ако учиш или работиш таму и употребуваш стик

Не ми е проблем, дома ќе го чистам ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Одг: Решение за УСБ заштита
« Reply #7 on 11.05.2011, Wednesday, 07:52:06 »
Веројатно одамна од школо си излегол  :D :D Сега школиве вријат од вируси,спајвери, вормови,малавери,тројанци и секакви други бубачки од кои нема спас,ако учиш или работиш таму и употребуваш стик

Освен ако не користиш Линукс...
А во школиве имаат Едубунту колку што знам?
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Решение за УСБ заштита
« Reply #8 on 03.06.2011, Friday, 20:59:39 (Edited 03.06.2011, Friday, 21:52:44) »
Зборувам воопштено: секое училиште има во канцеларија-1,2,3 компјутери,кај педагог,психолог ,секретар,книговодител,директор .... Во просек 5-6 компјутери кои не работат под Линукс,ами под Win XP (најчесто). И се врие од вируси....проверено-во Велес,Градско, Кавадарци,Штип ,Прилеп, Скопје.... ;D ;D ;D

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Решение за УСБ заштита
« Reply #9 on 03.06.2011, Friday, 21:51:48 »
а бе како и да видш, секој компјутер има по некој вирус....нема некој компјутер што е 100% чист....
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

stefanjanevski

  • Guest
Одг: Решение за УСБ заштита
« Reply #10 on 23.06.2011, Thursday, 15:40:48 »
Јас како УСБ заштити ја користам програмата USB DiskSecurity. Досега не се жалам :)