На секундарот немаше ништо. А осигурачот е автоматски. колку ампери е незнам, оти на сколија го приклучив
Ај другио пак на сколија ќе го однесам. Јас сакав да мерам колку дава В на секундар ама ништо од мерењето.
Приклучи го трансформаторот преку автотрансформатор или преку два други транзформатори врзани обратно ( <--220V--| |--12V--><--12V--||--220V--> , ова чсито како пример, не мора да се и двата по 12V, може да се и по 9V или некоја друга вредност, битно и двата да се исти, т.е. да даваат ист напон на нивните излези, моќност не е многу битна, само да не биде под 5 или 6VА), и на излезот (во овој случај, примарот) од вториот трансформатор приклучи го примарот од трансформаторот кој треба да се тестира и остави му го секундарот отворен (да работи во празен од). Потоа поврзи волметар за секундарот и вди дали на излез ќе даде напон, и ако даде, колкав ќе биде тој напон. Ако е од редот на mV или неколку волти (2 или 3V), најверојатно е зезнат примарот на трансформаторот. Во тој случај, веднаш изгаси го од „тест трансформаторите“ да не случајно и нив ги изгориш :S.
Или, можеш со уште поедноставен тест да определиш дали е примарот во краток спој или не, врзи зијалица од 220V во серија со еден до каблите преку кој му се носи напон примарот на трансформаторот, секундарот остави му го неоптоварен. Доколку сијалицата не свети или малку жари, примарот на трансформаторот е најверојатно исправен, а зошто повлекува толку стрија, треба додатно да се испита. Ако цијалицата силно засвети (како да е приклучена на градска мрежа), најверојатно примарот на трансформаторот е во краток спој :S. Најчесто се користи сијалица со моќност од 75W за вакви испитувања, но може и со 60W-на или 100W-на, не е проблематична моќноста, само да не биде 25W (значи, во принцип се што е над 60W за овој тип на испитувања е ОК, зошто со помали моќности може да се добијат контрадикторни резултати при „мерењето“
).