Ти всушност сакаш да го преправаш целиот засилувач внатре. Мој личен совет, само замени го интегрираното коло кое веќе си го имал внатре, сигурно поевтино ќе те чини. Можно е и да го изгориш звучничето ако ставиш некој појак засилувач, на пример, јас на 5W-ен звучник би поставил засилувач со максимална моќност од 3W, а искрено, не знам некое интегрирано коло со толкава (или слична) моќност.
Убаво ти има пишано Doca, за толку слаб звучник, не се исплати маката да се прави се ова (филтер секција + засилувач), освен ако не го правиш од чиста љубопитност и за да научиш нешто ново
.