Ова гледам дека се бара веќе подолго време на форумот и еве јас се потрудив и побарав во мојата колекција за електроника и најдов интересен проект
. Е сега да кажам некој збор за него т.е некоја карактеристика
. Овој DC-DC конвертор се користи како напојување за автомобилските засилувачи или поточно кажано на влез на овој DC-DC конвертор се донесуваат 12V од акумулаторот и на излез се добиваат +-43V и потоа на овој напон се поврзува аудио засилувачот со голема моќност
. Во продолжение ви го приложувам во атачмент (RAR-PDF) целиот реализиран проект (на српски) со шема, монтажна, пцб и објаснување за полесна изработка на овој 650W DC-DC конвертор
.