Па искрено, на таа фреквенција не знам дали сигналот ќе биде баш правоаголен, може да има релативно големи избличувања и да личи повеќе на трапезоиден (поради конечното време на растење и на опаѓање на правоаглните импулси). Нека ме корегира некој аго грешам.
Јас колку што знам потребен е синудоидален сигнал за АМ модулација. Не дека не може да се модулира и правоаголен сигнал, туку дали може правилно да се демодулира, тоа е прашањето, а мислам дека не би можело. Најверојатно ќе треба да се стави bandpass филтер со многу тесна пропусна карактеристика за да се одвои само првиот хармоник (и мал процент од вториот, третиот, четвртиот) за да се добие приближно синусоидален сигнал па да може потоа да се модулира тој сигнал. По некоја логика, вака би требало да биде, не можам да тврдам со сигурност, не сум правел вакво нешто до сега, барем не за намената која на тебе ти треба :S.