Да, во самиот PlayStation се и се одвоени од остатокот од PlayStation-от (физички, значи нема никаква врска помеѓу плочката за напојувачката секција и остнатиот дел од Sony PlayStation-от, освен каблите за напојување). Кај PAL сериите, напојувачките секции се изведени (произведени) од страна на Nihicon (кој се разбира во квалитетни кондензатори, знае за која фирма станува збор) и сите кондензатори на напојувачката плочка се произведени од страна на Nihicon
, Made In Japan, што значи дека станува збор за квалитетна изведба на напојувачката секција
. Поради тоа, напојувачката секција од некој ста PlayStation може да се искористи за напојување на нешто друго
. Единствен проблем е тоа што напоните за напојување на PlayStation-от се многу мали (7.8V и 3.5V), но со модификација на некои компоненти, сигурен сум дека може да се дигне овој напон до барем 15 или 16V
. Само пазете на работниот напон на излезните кондензатори, 16V е, така да ако го модифицирате напојувањето, пробајте прво со некој помал напон, на пример 12V
.