Пробај со било кој Дарлингтонов транзистор, би требало да функционира со било каков, падот на напон кај Дарлингтоновите транзистори е 2 X Vbe и најчесто се движи од 1.5V, до кај 1.8V, 1.9V, зависи од транзисторот и неговата градба
. Шемата е релативно проста, така да, како што реков, би требала да работи со било кој Дарлингтонов транзистор
. Дури може да даде и релативно поголема моќност доколку се користи некој помоќен Дарлингтонов транзистор, но се разбира, во тој случај, треба да се зголеми моќноста на отпорникот од 50 ohm-и. Останатите отпорници може да останат со моќност од 1/4W
.