Значи ништо не работи. Тотално е мртво. Како што кажа батка, акумулаторот најверојатно му бил цркнат, а сега ми е без акумулатор. Може ли за тоа да не се пали? (Чисто само да светне нешто..)
Инаку ова е малку поголем упс, има приклучок за УСБ, сериски порт, има 4 излезни приклучоци, од кои 2 се програмабилни (така пишува над нив, најверојатно нешто преку компјутерот се сетира кога да се уклучат пошто има и релиња на секој излез..)
Инаку упс-от пишува дека е 500 W ама трафото вака на прв поглед не ми изгледа баш за 500 W, максимум му давам до 200 W.