Едноставен испитувач со кој може да се утврди присуство на напон од 1,8V до 220V, AC или DC. Диодата D1 е црвена LED, D2 е зелена LED, LP1 е сијалица 220V/6W, ако се поврзе P1 на +, а P2 на - ќе свети црвената LED, ако се поврзат обратно ќе свети зелената LED, ако се поврзе на наизменичен напон ќе светат двете LED. Сијалицата LP1 ја ограничува струјата низ диодите, а самата почнува да свети при напон од околу 30V и како се зголемува напонот свети се појако.