Еве го решението што го споменав во некој од претходните постови:
Значи се состои во лепење на селотејп лента оклоу машкиот конектор (кондом:). На овој начин се формира кондензатор од машкиот и женскиот приклучок со селотејп како диелектрик:)).Ја измерив и вредноста, не се сеќавам точно ама мислам дека околу 150 nF беше.
Зачудувачки, ама од сите овде споменати начини, овој кај мене најдобро функционираше, скоро без загуби имаше сигнал.
Најбитно е ова да се направи на влез во ТВ приемникот - значи да не се прави на друго место на патот на кабелот, туку баш на влезот да се искористи постоечкиот женски приклучок на ТВ.
Не сум сигурен зошто е ова така, ама најверојатно при оваа галванска изолација, сигналот после изолацијата е поподложен на пречки, бидејќи ја нема оригиналната „маса“, па затоа треба тоа да е што поблизу до ТВ.
Пробајте па кажете за искуството ...