Прво кажи со каков звучник располагаш или мислиш да набавиш(модел,карактеристики,големина-8,10,12 инчи) па да видиме за димензии.Имаш ставено скоро со 10 инчи,а ако сакаш друг модел дај ми некој смер. Активни филтри има многу,дури и цели проекти поставени на Форумов,па прво прегледај постари теми ,а ако нешто те заинтересира ,ке објасниме.Еве една проста кутија која може да се изработи за дома.Се однесува на 10 инчен бас од типот на Симсоник,со гумирана мембрана.Димензиите се внатрешни,нема бас рефлекс отвор ама може да ставиш отвор направен од пластична водоводна цевка од 50 мм и должина 100 мм .Отворот треба да биде на 19 см од центарот на басот.