Author Topic: Спојување неонка без пригушница  (Read 1874 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ова шема е руска и е изработена со 20 ватна неонка и добро работи.На влезот е мала 25 ватна светилка( крушка,мињон  ) ,грецот не е означен,ама не е важно каде ке бидат + и - полот,а блок кондензаторите се од 0,1 мФ па се до 1 мФ /400В.Во случајов е земена средна вредност од 0,47 МФ/400 В.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
А како функционира ова  ???
Life is too short to remove USB safely ..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Изгледа сијалицата е замена за пригушница. Само како ке се активира гасот оти во неонката не влегува струја со висока фрекфенцаја ниту се активираат греачите за почеток.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
сијалицта има мала индуктивност, влакното е како спирала, низ грецот се зголемува напонот до некои 300в а преку кондензаторите се зголемува за уште некој волт(мислам ќе го дуплираат, но само на момент), би требало да запали. ако свети слабо треба појаки кондензатори. вака мислам дека ќе трепка со фрекфенција од 25 хз што не е добро ако се работи со машини кои се вртат или движат(убодна пила брусалица...) ради што може да се создаде иллузија дека стојат. ако се поврзи уште една неонка со едниот крај како оваа, помеѓу кондензаторите а другиот крај на останатиот пин од грецот, т.е. на другата точка каде што се спиени диодите овој ефект треба да се намали.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Бицикле даде добар одговор.Фактички кондензаторите се тие што ја палат неонката кога ке се набијат.Зависно од неонката најдобро е со менување на вредностите од 0,1 до 1 мФ да се одреди кој кондензатор најдобро ке работи!
Значи на неонката и е неопходна висока вредност на напонот за да повлече и гасот се запали,а потоа  * стартерот можеш и да го извадиш!* (цитат од еден стар учебник ! :D :D).Сериски споената сијалица 25Вати е ставена да се ограничи струјата низ неонката,особено во првиот момент на палењето.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
добро но што е со потрошувачката на струја ако е сериски поврзана дали ќе троши цело време или ?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па ке троши штом мине низ неа струја! ;D