Тие шеми се за ламбашки засилувачи кои користат високоомски звучници од 600 до 800 оми (такви звучници имаше во старите телевизори со ламби за да заштедат на излезен трансформатор) и денес нема да се купи.
Меѓутоа навистина постојат ламбашки засилувачи без излезен трансформатор и тие се викаат OTL (Output Transformer-Less) меѓутоа за нив треба многу ламби паралелно (и до 16), голема негативна повратна врска и се разбира работат само на специјални звучници од 16 или 32 оми но се доста ценети како засилувачи кај аудиофилите.