Знам, и мене истото ми се има случено :S. Не препознава ни макроа, ни фајлови :S. Затоа и не го користам Sprint-Layout 6.0 за цртање, го користам само во случај кога некое PCB што ќе го начекам online е цртано во 6.0, па да го отворам со 6.0, инаку за цртање, го користам Sprint-Layout 5.0.
Па барем да пишеа на сајтот дека нема компатибилност, да знаевме :S. Со sPlan муабетот беше фер, барем различна екстензија имаа. Ама со Sprint-Layout зезнаа работа :S.
Најлошо е што во ни во sPlan 7.0, ни во Sprint-Layout 6.0, не можеш да избереш да ги зачуваш фајловите во sPlan 6.0 односно Sprint-Layout 5.0 формат :S. Штета. И двата програми се одлични, но ова зезање со компатибилноста не им требаше :S. Па дури и CorelDRAW може да зачувува фајлови со компатибилност дури до CorelDRAW 7.0.
Искрено, барем јас, не гледам причина за користење на Sprint-Layout 6.0. Освен anti-aliasing-от кој беше воведен во Sprint-Layout 6.0 и подобрениот интерфејс, некои други вистински подобрувања нема. А овие подобрувања се шминка, така да, не гледам причина да го користам Sprint-Layout 6.0 освен за отворање на фајлови работени во Sprint-Layout 6.0.