ГигаВат стварно нема ништо на плочата! Го имаш ли мануелот за неа? Околу сто страни е...
Имам прочитано се што е можно од документација и сум се утепал од шетање по форуми барајќи договор дали има било каков тип на LPT или COM порт onboard на матичната плоча, преку било каков продолжен кабел дали може да се врзе, нема :S.
А инаку конфигурацијата ја праваев сам (custom), не земав готова конфигурација, ама кога ја правев конфигурацијата за друга намена ми требаше машината, па не ни помислив дека можеби некој ден ќе ми треба LPT или COM порт, така да не обрнав внимание тогаш на тоа :S. А инаку плочата беше премија пред три години кога ја купив (не за џабе ме кошташе 100 евра), такви карактеристики немаше нитуедна друга плоча за таа цена, па затоа и ја земав, ама после кога видов дека сум си се лишил од LPT и COM портите, па криво ми стана кога ми притребаа за принтерите два што ги имам дома матрични (вршат работа за текст, а лентите им се џабе), така сега моментално ми стојат во дневна и двата принтера врзани за PIV-ката шт ја склопив од останати делови по дома, и нешто ситно што купив (CPU, RAM...).
Како и да е, ако некој ми ги видел сликите од работилницата, се гледа дека немам компјутер во неа, а очајно ми треба PC во неа (инаку трчам како мува без глава од работилница во соба кај мене за да видам распоред на пинови на тоа и тоа, или привремено пренесувам се од работилница кај мене во соба, па потоа кога ќе завршам, ајде враќај се пак назад... замарање е :S), па планирам ова PC да ида таму, а јас да си купам нов за во соба (некој iCore или QuadCore, ќе видам колкав ми е буџетот), но дефинитовно не ја правам истата грешка како и сега, нареден пат ќе гледам обавезно плочата да има onboard LPT и COM порти, зашто некој ден и оваа новата што ќе ја земам пак ќе оди во работилница
.