Мојот *заменик* добро ја истерал работата.Вели не можел да се воздржи и да не одговори!
Прво,во излезниот степен,по засилувачот не смее да се стави ништо освен потрошувач - односно звучник.Цел на звучникот е да ја пренасочи електричната во музичка сила и при тоа да не прави загуби!Значи никакви паралелни или сериски отпорници не идат во обзир!!!! Се работи за пасивни елементи кои освен греење и пад на напон не би допринеле ни за поправање ни за доработка на импендансата.Импенданса на звучникот не значи и импенданса на излезниот степен!! Запомнете го ова! Импендансата ја прават и водовите(каблите со својот пресек ,должина,квалитет,импенданса!)
И тие придонесуваат на целокупната звучна слика ,верувајте. Ако на 400 ватен степен ставиш кабел до звучник со пресек 1-1,5 мм и имаш 20-30 метра,често се случува да не можеш да постигнеш соодветна сила и квалитет на звукот,а богами и кабелот може и да грее на приклучоците,ако не се квалитетни.На профи излезите имате често клеми со навртување или канони за пренос на сигналот до звучник.Тоа не е бадијала,затоа што бананите кои најчесто се употребуваат немаат баш добар и квалитетен контакт,па е можно и зголемено греење,со што се влијае на импендансата.