Author Topic: Звучен осцилатор со пиезо  (Read 6232 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Звучен осцилатор со пиезо
« Opened on 19.04.2011, Tuesday, 01:10:47 (Edited 21.10.2014, Tuesday, 23:36:30) »
Ова шема ја најдов и ми се виде интересна и пред се работи.Од висина на напон зависи колку јако ке работи.За појако и поголем напон може и некој БД.. пранзистор да ставите.Само пазете обратно да биде врзан на напојувањето - тогаш транзисторот осцилира и пиезото ги пренесува осцилациите.Ке ви се најде на многу места каде треба свирче.. ;D ;D


Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Звучен осцилатор со пиезо
« Reply #1 on 21.10.2014, Tuesday, 21:57:46 »
Да работи, и тоа е проверено од моја страна, само со мала модификација, паралелно со колекторот и емитерот на транзисторот, се става кондензатор после отпорникот, овој кондензатор се полни, а потоа и се празни од транзисторот, што дава пилест сигнал на излез (претпоставувам пиезото го заменува овој кондензатор за кој ви зборувам). Тоа е точно, но тоа што никој не го напоменува е дека транзисторот е многу ранлив на оваа конфигурација, т.е. по кратко време станува нефункционален.
Значи батка, можеме ние да си направиме свирче, но некогаш кога навистина би ни затребало, тоа нема да запали.. ;) Препорачувам измена на колово, и тоа наместо обратно поврзан BJT, да се користи некоја појака зенерка...  ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Звучен осцилатор со пиезо
« Reply #2 on 23.10.2014, Thursday, 22:57:59 »
Или нешто погрешно врзуваш или не употребуваш соодветен транзистор.Не ти треба кондензатор воопшто,освен ако не ти е стабилизиран ( филтриран) напонот.Втора работа е каков пиезо користиш.За ова намена подобри се оние малите пиеза од некоја матична плоча.И трета работа - ова не е конструкција да ја оставиш со саати да работи! 8)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Прво, шемава работи така што транзисторот се однесува како зенер диода кога е поврзан обратно, на одреден напон проведува, е сега, пред транзисторот јас ставив кондензатор, па кога тој се полни и стигнува до тој одреден напон на транзисторот, транзисторот проведува и го празни кондензаторот, па циклусот се повторува. И за крај, една лед диода сериски со транзисторот за да се гледа сето тоа.
Јас мислам дека во овој случај пиезото се однесува како кондензатор со мал капацитет, што овозможува многу брзо полнење и празнење, но затоа што пиезото е еден вид на звучник, таа осцилација ја слушаме и како звук.
Quote
Или нешто погрешно врзуваш или не употребуваш соодветен транзистор.
Беше точно поврзано и користев BC238 како во шемата, тој ми се најде при рака... ;)
Quote
И трета работа - ова не е конструкција да ја оставиш со саати да работи!
Па батка, не ја оставив ни 10 минути да работи... ;) Како што кажав, со зенер диода се добиваат многу подобри резултати... ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Mе заинтригира твоето пишување и денес  направиш *штик* проба и верувај 25 минути работеше осцилаторот на 9V и не прекина.Не можев повеке да го тестирам бидејќи немав време. 8)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Затоа што ти користиш пиезо наместо класичен кондензатор, јас на пример користев 1000uF... Значи јачината на струјата што протекува низ транзисторот кај тебе и кај мене имаат огромна разлика. Затоа мојот транзистор откажа по 10 мин. а твојот работел и по 25 минути... ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male

...Како што кажав, со зенер диода се добиваат многу подобри резултати...

Испробано ти е ова ?

Колово со зенер диода (без транзистор) нема да работи, пошто на пиезото ќе доаѓа стабилизиран ДЦ напон. Зенер диодата кога проведува го држи напонот константен на „зенеровиот напон“. Со транзисторов е друго, тој спроведува „лавински“ кога ќе пробие и напонот паѓа под пробојниот напон, додека не се испразни кондензаторот (или паразитната капацитивност од пиезото) па потоа прекинува, и пак од ново и заради тоа се ствараат осцилации...
Life is too short to remove USB safely ..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Затоа што ти користиш пиезо наместо класичен кондензатор, јас на пример користев 1000uF... Значи јачината на струјата што протекува низ транзисторот кај тебе и кај мене имаат огромна разлика. Затоа мојот транзистор откажа по 10 мин. а твојот работел и по 25 минути... ;)
Па никаде не пишува и никој не рече ти да ставиш кондензатор. 8) Не знам зошто кондензатор би ставил?? Нема логика 1000 микро фаради да ставаш! Тој само ке кочи.Јачината на струјата не се менува низ транзисторот со поставување на кондензаторот паралелно со транзисторот.Размисли малку.За примедбата на МаркоМК се слагам потполно.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Звучен осцилатор со пиезо
« Reply #8 on 25.10.2014, Saturday, 14:18:30 (Edited 25.10.2014, Saturday, 14:22:00) »
Јас со колото што го опишав експериментирав случајно како генератор за пилест сигнал со променлива фрекфенција...
Quote
Колово со зенер диода (без транзистор) нема да работи, пошто на пиезото ќе доаѓа стабилизиран ДЦ напон.
Јас мислам дека ќе работи... Ќе го пробам некој од наредниве денови.... Кога напонот од пиезото го достигне пробивниот напон на диодата... Можеби би работело уште подобро со лавинска диода... ;)

Споено мислење: 25.10.2014, Saturday, 14:22:00
Quote
Јачината на струјата не се менува низ транзисторот со поставување на кондензаторот паралелно со транзисторот.
Размисли малку, кондензаторот се полни се додека не го достигне пробивниот напон на обратно поларизираниот транзистор, во тој момент, целата своја енергија ја празни низ транзисторот...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Звучен осцилатор со пиезо
« Reply #9 on 25.10.2014, Saturday, 15:33:20 (Edited 25.10.2014, Saturday, 15:41:46) »
Ајде сега ти размисли 8)- со што е ограничена струјата низ транзисторот?? Има ли некакво ограничување или...Кога се полни кондензаторот,спрема тебе нема течење на струја низ транзисторот. Ако го извадиш кондензаторот ( на шемата нема кондензатор!) колкава струја ке мине низ транзисторот и од што ке зависи нејзината големина?? Размисли и одговори.И остави го настрана кондензаторот,ако сакаш шемата да ти работи. 8)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Звучен осцилатор со пиезо
« Reply #10 on 25.10.2014, Saturday, 15:45:06 »
Батка, поентата ми беше, ова е еден многу прост релаксациски осцилатор... Работи со еден куп други компоненти.... ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Звучен осцилатор со пиезо
« Reply #11 on 25.10.2014, Saturday, 16:06:31 »
Батка, поентата ми беше, ова е еден многу прост релаксациски осцилатор... Работи со еден куп други компоненти.... ;)

Знаеш што батка? Мислам дека малку теоријата треба да си ја прелисташ.Второ,овде се работи за веќе изработена шема на неколку форуми.Не сум ја измислил јас лично,само ја ставив во случај некому да му треба нешто за сигнализација.Теоријата што ја поставуваш со додавање на електролитски кондензатор од 1000 мФ не држи,размисли и сепак прочитај.Она со полнењето и празнењето на кондензаторот и зенер диодата што би ја ставил ти е спротивно на основниот принцип на работа на шемава.Ако ставиш зенер и кондензатор ,мораш да ја смениш и вредноста на отпорникот од 15К,зависно од напонот.И ке добиеш само стабилизиран напон (едносмерен) на кој пиезо пасивната плочка нема да работи.Еве и една друга употреба на пиезо базер во коло на ардуино,но сепак кондензатор нема,а и намената е друга. 8) 8)