А за засилувачот на Marshall, види, имам атачмент во минатиот мој пост со шема на Marshall Valvestate 8010
Значи,не пишувам ништо што не е проверено од моја страна,ниту па сакам некој да помисли дека свесно сакам да го нервирам кога ке го изнесам своето мислење.На Форумов не пишувам поради тоа да се истакнам,да се направам попаметен од некого,туку некому да помогнам.И самиот сум свирел,сум имал лампаши ,транзисторски и гитарски и други појачувачи(сеуште и имам),ама се знае што е класика и што се бара.И сега на озвучувања гитаристот ( воглавном добри професионалци) ми бараат лампаш или марка транзисторско појачало за гитара,а никако некое со интегриран излез! Во последно време и познатите фирми прават интегрирани мали 10-15W комбо појачалца,кои се продаваат пред се поради тоа што се евтини,а се со *фирма*.Еве една шема од Фендер румбле 25 ,комплет интегрирано со ТДА1514 мислам дека беше,а Киловолт може слободно да го ископира. . Правилото е: купи добар инструмент и појачало на почетокот ,кога почнуваш,ако сакаш да научиш да свириш !! Без добар инструмент нема да научиш добро да свириш.