Фреквентен регулатор и PLC се две сосема различни работи, ова ти што го имаш е фреквентен регулатор, значи тебе ти треба човек за фреквентен регулатор, или некој сервисер поискусен и што знае да работи со софтвер затоа што ако успее да го среди ќе треба да го репрограмира за неговата намена.
За PLC има мн. малку луѓе, и најчесто бараат огромни суми за поправка, односно не е ни поправка тоа, се вади старото PLC и се заменува со ново, проблемот е што тоа треба некој да го испрограмира, а обичен сервисер со средно малку потешко дека тоа ќе го направи, од лично искуство ти кажувам дека цените за работа со PLC достигнуваат суми со 5 цифри во евра
Фреквентен регулатор можиш да купиш за до кај 500E (зависи од фирма и моќноста) и да го замениш овај, со тоа што најверојатно нема да биди ист тип и ќе мора да менуваш нешто