За бејзик незнам зш и не го сакам баш тој јазик. За Ц ја има ама незнам кај може да се најде. Патем се е исто ако ја знаеш архитектурата, се што ти треба е да го знаеш програмскиот јазик. Па дали во бејзик или во Ц ќе пишуваш исто ти се фаќа. Јас сум повеќе за Ц бидејки за PIC има компајлери во скоро секој програмски јазик (дури и фортран) а понапредните верзии едвај се наоѓа компајлер во ц а не па и во друг програмски јазик. Препорака од мене е ако некој сака да учи програмски јазик нека учи Ц, а ако веќе знае бејзик нека си тера така, еден ден ќе мора и Ц да учи. Инаку убава споредба ако знаеш да возиш точак (PIC) ќе знеш да возиш и моторче (ATMEL), ама ќе се помачиш за кола (ARM), а за авион богами и ќе треба учење (DSP). Патем оние што беа на робомак мислам дека имаа некои матријали за бејзик. Па ако има некој што бил од форумов нека пише повеќе за тоа.