Eве неколку прости примери за заштита на MOSFET транзистори во SMPS напојувања,теслини трансформатори,индуктивни грејачи,АC to DC,DC to DC конвертори итн.Само со додавање на неколку компоненти можете да го заштите мосфетот,а и целиот склоп(PWM-то).Заштитите се како „пригушувачи“ за шпицеви(Peak) т.е мек старт за мосфетот.Случајно да не се појави некој висок напонски шпиц и да ви прсне мосфетот во фаца и да останете без очи
(ова ми се има десено и за малку ќе останев без десното око,среќа во капакот од окото ме погоди делчето од мосфетот:o
).Овие по нет ќе ги најдете како "MOSFET snubbers" или "RC/RDC snubbers".Има 2 (3) типа RDC (RCD) и RC.Еве пример за заштита на мосфет со RCD и RDC snubber во Flyback врска.Oваа врска е само со еден мосфет и обично се користи каде се бараат помали моќности,и компактност на склопот.Но има исклучоци.Имам видено и 800W напојување каде се користи оваа врска...Првиот пример ви е најлошо поврзување на мосфет т.е без никаква заштита.Вака многу лесно гори мосфетот.Вториот пример е со заштита,ама не целосна...Подобро нешто од колку ништо
.Исто така оваа врска е најкористена.Третиот пример е најдобра заштита,со додавање на уште 3 делови према маса.
Eве заштити за half bridge врска,или 2 мосфети и 2 кондензатори.Исто како во предходната врска,првиот пример е најлош т.е без никаква заштита се мосфетите.Вториот пример има некоја заштита,обично оваа најмногу ја користат знам јас на теслиниот ставав ваква заштита.И третиот пример е најдобра заштита,за секој мосфет посебно што е подобро нели,ама е и најретка скоро никаде не ја ставаат оваа.Може тука да се стави уште подобра заштита или RCD snubber.Tреба да доцртам...Тоа е таа врска од вториот пример погоре што е кај flyback-от
И на крај full bridge врската,само со 4 мосфети.Тука нема некоја филозофија обично се става RC snubber на трафото или пак 4 диоди.Незнам точно кое е подобро и незнам дали може да се мешаат,да се стават и 4 диоди и ова RC snubber-от.
Eве и неколку начини за заштита кај гејтот на транзисторот.Првиот пример е најлош,без никаква заштита директно поврзано на гејтот од мосфетот.Има шанси ако изгоре мосфетот,а со тоа да го повлече и склопот кој го контролира па така да настане поголема штета.Вториот пример е со додаден отпорник и зенерка,попрво ќе изгоре зенерката него ли целиот склоп.Исто така ова е и заштита за мосфетот,ако случајно дојде превисок напон на гејтот па за да не се оштети зенерката го лимитира напонот.Зенер диодите кај гејтовите се обично 12,15 и 18V-ни.Третиот пример е најдобар со додадена уште една диода и отпорници.Најчесто имам сретнато како во 4-тиот пример со 2 зенерки поставени контра една од друга.И 5-тиот пример кој според мене е најдобар бидејќи мосфетите се комплетно изолирани од склопот кој ги контролира.Ова е мало трафо,се мота на феритен прстен трифиларно 3х15-20намотки.На интернет ќе го најдете под поимот„GDT=Gate Drive Transformer“
Толку од мене,јас толку знам останатите дополнете и поправете што сум допуштил и згрешил