Околу поврзувањето:
Значи компјутерот нема да го приклучуваш на тие влезови бидејќи тие влезови немаат регулација на побудата (Gain, на оваа миксета напишано како Trim - жолтите потенциометри). Ти мораш да купиш или друг кабел што има „банани“ џекови од другата страна па да ги приклучиш во дупките 9/10 или во 11/12 или да купиш конвертори (мислам дека има во продавниците за електроника) од банана на пин (чинч) каков што имаш ти кабел. И после значи ќе појачаш освен со лизгачите долу и со жолтиот потенциометар (Trim) и ќе подесиш да имаш јак сигнал, нема да ти треба предзасилувач.