Браво, браво, ми се допаѓа кога ќе видам вака кога се работи голем и амбициозен проект, секоја чест. Имам една добронамерна замерка (ти кажувам од искуство) а тоа е дека магистралите на матичната плоча (bus-от) не се добро изведени бидејќи ќе ти се јавуваат EMI помеѓу индивидуалните битови на многу високи фрекфенции. Јас не знам колку ќе биде фрекфенцијата на магистралата или (ако е асинхрона) колку nS ќе биде најкраткиот импулс но се што е над 5-6MHz штампаната плоча мора да е направена со минимум 3 слојна плочка вака:
1. Ground Plane горе
2. Ground Plane доле
3. Меѓу секој од водовите измеѓу двата слоја треба да има hairline ground - вод кој ќе ги одделува индивидуалните линии за да нема интерференција. Ширината на оваа линија и оддалеченоста од самите водови треба да се пресмета со stripline calculator и треба да има околу 300 оми импеданса но тоа веќе ако работиш над 300MHz така да мислам дека ќе поминеш и без пресметка
4. Vias (краткоспојници) помеѓу масите на трите слоја.
Најдобро е сите плочки да ги нацрташ и да им ги пратиш да ти ги изработат во Hitech од Скопје бидејќи мислам дека минимум парче плочка е 50х50см а и тие можат да прават такви повеќеслојни плочки без проблем.