Ако си почетник би ти препорачал некој поефтин како за почеток, па како ќе напредуваш ќе видиш какви ќе ти бидат потребите и ќе купиш нешто подобро. Најголем избор мултимери има во Логинг, мада таму се и најскапи. Можеш да провериш што има во понуда и кај Гац и во БТ.
Ако ме прашаш мене, јас би си земал мултиметар од пазар за неколку стотки, мислам имаше некои DTххх копии, сосема солидни за почетници, ги има сите основни работи, отпор, напон, струја, базер, дури мислам и капацитет, фреквенција итн., а понатаму кога ќе го „надраснеш“ ќе си земеш некој поубав.
Ако не ти се брза, може и да си нарачаш од ибеј/али експрес...