220v 30w кинески лед кои ги имам ги пробував со пасивен ладилник димензии (од око ) 5cm 7cm 2cm. Диодите многу брзо постигнаа 75 степени, околу 30 минути, наредните 2-3 часа температурата не се промени повеќе од 3 степени.
Незнам која им е максималната работна температура, јас пробував една до 98 степени, на 98 степени работеше еден час потоа ја исклучив. Диодата сеуште работи, не се промени интензитетот или бојата на светлината ниту приметив некои други промени.
Порачав и 50w 220v кога ќе стигнат ке видам коклку ќе греат тие и како ќе се однесуваат (дали ќе ме слушаат).
Во секој случај топлината е непријател на електрониката, колку поладни елементи толку подобро за нив(освен во некои случаеви).