Ако мајсторот е професионален и даночен обврзник треба да чивее и тој и неговото семејство и да ги плаќа сите останати давачки што пристигаат во сандачето секој месец.
Чисто се сомневам дека е даночен обврзник, но без разлика, не поминал скапо
. Нека му се алал парите
.
абе ја и 2000 да ми побараше ке му дадев. Да знаете само како е 2 недели на горештиниве како е без фрижидер а човекот за 2 дена го направи.
Браво
. Пак ќе пишам, алал нека му се парите
.
Мајсторот и ништо да не направи пак ке заслужеше 1000че, бидејќи најде човек кој ке го направи моторот.
Токму така
. Ова е многу често поважно од тоа што си направил за тие пари - да ги знаеш правилните луѓе и контакти
. Он се бафта со фрижидери, нормално е дека ќе знае луѓе кои винклуваат мотори
. Ти не си во таа бранша, нормално е да не знаеш винклери
... но, ако сакаш итно да се среди проблемот, епа да, ќе си платиш за таа „информација“ (т.е. он ќе го однесе, за да не дознаеш кај кого го носи, за не одиш сам друг пат, добра финта и често ја прават мајсторите
, но сепак, не си поминал скапо
).
Дај објаснете што е тоа варистори? колку пари би чинело за во стан? Чудно имам осигурачи комплет, зашто немаат избиено при двојна фаза од цца. 400 волти во штекер...?
Варистори се едни малечки делчиња, личат на осигурувачи, и се активираат (одат во краток спој) ако напонот меѓу нивните краеви надмине определена вредност (на пример 250V~). За разлика од осигурвачите, се поставуваат паралелно меѓу фаза и нула или меѓу две фази. Може да се монтираат во штекер или во продолжен кабел... практично, било каде, мали се
. Се поставуваат по осигурувачите, бидејќи, поентата е, ако напонот надмине определена вредност, они да изреагираат, да направат краток спој во колото (меѓу фаза и нула) и осигурвачите да изгорат (или да се стават во OFF позиција ако се електромагнетни, од новите). Се разбира, пред да ги смениш осигурувачите, ќе треба да ги смениш варисторите бидејќи, ако ги смениш осигурувачите, пак ќе изгорат бидејќи варисторите прават краток спој во колото (или евентуално да ги извадиш... ако си сигурен дека се е ОК во електричната мрежа и дека нема опасност до уредите
). Но, откако ќе ги извадиш или смениш, се ќе си биде ОК
.
Се продаваат и продолжни кабли со варистори во нив, побарај
... ако не сакаш да викаш електричар да додава варистори во електричната инсталација
. Не е голем зафат, но одезема време и пари... ти си знаеш, како сакаш
.