Изгледа и на OpenDNS се ротираат forwarder-ите. Добро, ова е логика на работа на целиот интернет. Кога ќе размислам подобро, нелогично би било се да биде статично, затоа и ако падне нешто, не паѓа цел интернет
. Искрен да бидам, и јас така би ги подесил. Ако DNS-ите се мои: барај кај мене, ако не најдеш, барај кај други, ама не статично, ротирај ги сите останати на определена листа
.
Инаку, сега проверив, ipleak.net прави неколку консеквентни побарувања (requests) и врз база на резултатите на тие requests, определува дали треба да бара уште или не (дали тие requests одат кон други forwarders или баш кон DNS сервери). Ако одат кон друг/други (најчесто други) forwarder (forwarder-и), тогаш гранењето се раширува, бидејќи најчесто од еден се оди кон повеќе
. Така да, твојата конфиргурација е подобра од мојата (кај мене најде 24, ама не може да определи кои од нив се само forwarders, а кои навистина се DNS сервери... има начини да скриеш дали си forwarder или навистина си DNS сервер, но и да не го криеш тоа, тешко е да определиш бидејќи ако праќаш request кон други DNS-и, не мора значи дека си forwarder, можно е само прв пат од тебе да била побарана таа адреса, па немаш IP до неа во cache и мораш да побараш „помош“ од други
) и искрено, не би ја менувал... освен ако не морам. Помал број на DNS requests значи дека DNS серверите за кои си врзан имаат поголема база (cache) со IP адреси кон сајтови
.
Можно е и кај мене да е голема листата бидејќи ротира вкупно 12 DNS сервери (два на ISP-то и уште 10 custom) и да, и на мене ми вади скоро секогаш различни резултати на ipleak.net, скоро секогаш со сервери од Германија, ама знае да извади и со US, UK, NL, SW, SE... MK секогаш се појавува барем еднаш
. Тоа значи дека при пребарувањето, сигурно барем еднаш била побарана адреса од DNS-от (најверојатно forwarder-от) од мојот ISP
.