Author Topic: Скрипта за бришење на System Volume Information  (Read 986 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Сите знаеме дека, овој фолдер не се брише... барем не под Explorer 8). Под Linux се брише без проблем, ама па сега, да подигам цел оперативен систем за да избришам еден фолдер... некако не ми се прави тоа :P.

Како и да е, во него се чуваат System Restore Points, Search Index, како и некои други работи (Mount Point на дискот... иако ова никогаш не ми беше јасно... зошто би чувал Mount Point на партицијата која ја mount-уваш ???... нејсе, многу работи не прават логика кај Microsoft), па често знае овој фолдер да се преполни и едноставно да одзема многу повеќе простор отколку што би сакале или би имале потреба да одзема.

Со следнава batch скрипта се брише фолдерот "System Volume Information" ;).

Code: [Select]
@ECHO OFF

TITLE Delete "System Volume Information" Folder

ECHO Deleting ^"System Volume Information^" Folder...

TAKEOWN /F "System Volume information" /R /D Y >NUL 2>&1

RMDIR "System Volume Information" /S /Q >NUL 2>&1

ECHO Done!

Ископирајте го текстот во празен txt фајл, сменете ја екстензијата од .txt во .bat, ставете го фајлот во root-от на партицијата на која сакате да и го избришете System Volume Information фолдерот (значи да се наоѓа на иста локација во која се наоѓа и System Volume Information) и десен клик на batch фајлот --> Run as administrator. Толку, тоа е тоа :). Windows потоа пак ќе си го рекреира System Volume Information, но сега празен ;)... односно, не толку полн ;D.

Скриптава најчесто ја користам за бришење на System Volume Information на USB flash мемории бидејќи на Win 8.1 и 10, оперативниот систем автоматски ги прави ::)... као демек за search index на USB flash мемории, за да можеме полесно да ги пребараме ::)... глупости од моја перспектива, но, тоа е тоа.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."