Author Topic: Проблем со телевизор Samsung LCD LE40B530P7WXXH  (Read 5647 times)

Offline Trajkata

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
не можам да најдам такво нешто, не се ептен разбирам баш... или го нема или не можам да го најдам. Иначе ќе испадне изгледа да земам за некој месец од али екпрес лампи, друго чаре не гледам или па некој да ми продаде ако има лампи од таков телевизор, друго нема :(

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Кога го гледаш ТВ-от отворен од задната страна, десната голема плоча од долната страна треба да го има тој BD9893xxx.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
...или па некој да ми продаде ако има лампи од таков телевизор, друго нема :(

Не мора да е неонката идентична, може и слична. Само што, ако е пократка, ќе треба да пушташ доплнителен кабел за да може да ја врзеш со напојувањето за останатите неонки.

Инаку, јас би го пробал прво ова што ти го пиша Toma. Пробај, сликај, ако не се снаоѓаш, ќе помогнеме ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Trajkata

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10

еве го, го најдов. И сеа шо да му правам ? :)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote
Пробај
вака: 11 извод (SS) лед диода на маса.
или
вака:10 извод (SCP) на маса
Изводите се (гледано од твојата слика) од левата страна од горе спрема долу вториот извод е десетиот извод а третиот единаесетиот извод.

Линк италијански ама може да ти помогне.

Code: [Select]
https://www.yoreparo.com/tv/monitores/preguntas/1456389/problema-circuito-de-inverter-samsung-2233sn-plus
Дата за BD9893F

Code: [Select]
http://dalincom.ru/datasheet/BD9893F.pdf
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Trajkata

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
се убаво ама не ми е јасно што треба да направам да ги одлемам ли тие или ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Опција 1: Одлеми го пин 11 на BD9893, земи една LED диода, залеми го пинот 11 за анодата од LED диодата, а катодата од LED диодата залеми ја за маса (GND).

Опција 2: Одлеми го пин 10 на BD9893 и потоа залеми го за маса.

Притоа, го одлемуваш само пин 11 или пин 10 (зависи која опција ќе проработи и ќе ја заобиколи заштитата), а не целото коло.

Порано, кога пиновите на компонентите одеа низ плочката (не беа SMD, тие кои поминуваат низ плочката се викаат Through Hole компоненти), ова се викаше „испумпување“ на определен пин на определена компонента (најчесто интегрирано коло). Сега, многу нема логика така да се вика, но дури и ако станува збор за SMD компонента, честа пракса е меѓу сервисерите да викаат така, на пример „испумпај го пин 20 и врзи го за маса“. Ова значи „одлеми го само пин 20 од тоа и тоа коло и залеми го за маса“. Пократко е да пишеш „испумпај“ отколку да пишуваш „одлеми го само овој пин“ ;)... а освен тоа, кога ќе се спомне „испумпување“, барем кај сервисерската афела, веднаш се разбираат и знаат што треба да прават ;).

Терминот „испумпај“ потекнува од методот на кој се одлемуваат through whole компонентите, т.е. со помош на вакум пумпа. За да извадиш едно интегрирано коло од плочка, треба сите лемни точки да ги „испумпаш“ со вакум пумпа за да може да излезе интегрираното коло, нели ;). Епа, ако „испумпаш“ само една лемна точка, тој пин од интегрираното коло повеќе не е врзан за таа лемна точка, што значи дека „виси“ (не е врзан за ништо, исто така е жаргон кој се користи во електрониката). Епа, за да се заобиколат определени заштити, проблеми кои можно е да ги имаат определени дизајни на некои уреди или за да се истестира нешто (на пример, на испумпаниот пин од „тоа и тоа“ коло, доаѓал определен сигнал, ама ние сакаме да му донесеме нешто друго за да можеме нешто да истестираме, нешто што ќе ни индицира дали проблемот е во оној дел во кој се сомневаме или во нешто друго ;)), често се користи овој метод на „испумпување“. Практично, тоа значи „не го врзувај тој пин за местото кое е обележано на фабричката шема, врзи го овде“ или „одлеми го тој пин, додади го ова и потоа тоа врзи го за она“ ;).

Се надевам појаснив ;).

Броење на пинови (важи универзално, соред конвенција, за било кој вид на интегрирано коло, освен ако во datasheet-от на колото не е посочено дека пиновите се бројат на друг начин... ретки се овие ситуации, но ги има). Се почнува да се брои од лево и се ротира додека не се стигне до последниот пин. Местото од кое почнува да се брои е обележано со точка (пин 1) или обележано со жлеб, а најблискиот пин лево од жлебот е пин 1 ;).

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote
Опција 1: Одлеми го пин 11 на BD9893, земи една LED диода, залеми го пинот 11 за анодата од LED диодата, а катодата од LED диодата залеми ја за маса (GND).
Опција 2: Одлеми го пин 10 на BD9893 и потоа залеми го за маса.
Не се одлемува само се додава диода или се врзува на минус (маса).
BD9893F
От участника monitor.net.ru bilykv
bd9893f светодиод 10 pin на массу.
Code: [Select]
http://tel-spb.ru/inv_za.html#BD9893F
Дадени се две опции затоа што податоци за исклучување на заштитата се овие две. Некој успеал со првата друг со втората опција. Јас лично го немам тоа проверено!

Еве уште една
BD 9893 F Resistenza da 82 K tra pin 10 e massa.
Code: [Select]
https://www.plcforum.it/f/topic/166131-procedura-per-disattivare-la-protezione-su-alcuni-controller-inverter-pwm/?do=findComment&comment=1340374
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не се одлемува само се додава диода или се врзува на минус (маса).

А јас пак сватив дека се одлемува (испумпува) па тогаш се додава... извинете, моја грешка :).