Со 4 контакти трафото е, се мислам дека беа по 6В ги врзав сите 3 контакти заедно, ми излегоа, 16,5/6В сеа дава, околу 13В и бучи така да или во канта, или еве ако му треба на некој, би му го дал.
Нешто си врзал противфазно или намотките немаат иста излезна моќност па си краткоспоил некоја намотка оптоварувајќи го трафото.
Канта... освен ако не сакаш да го премотуваш
.
Јас сум скептик дека би можело да биде припомош за верглање.
Скептик е оптимистичен термин за ова.
Нема да работи, ќе го изгориш напојувањето, 100%. Треба да може да даде барем 100А во многу краток временски интервал... SMPS-ите за компјутер не се наменети за такви работи... а и кај нив има многу строга регулација на излезен напон. Прво треба да го модифицираш да не ја „почитува“ толку заштитата (т.е. да му дозволиш да варира напонот за волт, два, а не како што е изведено стандардно кај нив, да не може да варира повеќе од 0.5V), па тек потоа да го преправаш со додавање на Шотки во паралела за да крепи до кај 100A. Прв проблем се Шотките, тие се осетливи на струјни и напонски шокови... потоа и се останато.
Не 50, 200-300, но затоа има струјна заштита...
Не, повеќето имаат само напонска. Напонот не смее да падне и да се зголеми над определени граници. Тоа е дел од колото за feedback. Само некои серверски напојувања имаат и струјна заштита, ама нивната изведба за feedback е толку комплицирана, што практично не се исплати да ги модифицираш.
Провери што гори кај SMPS напојувања изгорени поради претоварување. Во 90% од случаите, ќе наидеш на краткоспоени Шотки - доказ дека кај петпарачните ATX-ови нема струјна заштита на секундар. Смени ги Шотките, во 60, 70% од случаите напојувањето си проработува
. Само ставаат многу моќни шотки, ама и тие си имаат лимит
... ако не пазиш, ќе ги изгориш
.
Совет за MKD-Boy ако веќе се нафаќа да преправа: Прво додади Шотки во секундар во паралела, потоа пробувај што и да пробуваш.
Нема ни да дозволи да го креснеш, одма ќе реагира заштитата.
Да, но бидејќи нема да може да го држи напонот фиксен на толку голема потрошувачка, не бидејќи има струјна заштита. Модфицирај ја напонската заштита и додади Шотки на излез за да може да ја поднесе таа јачина на струја, ќе може краткотрајно да даде 100, 150A. Ама, без тие модификации, да, веднаш ќе изреагира заштитата и ќе се изгаси напојувањето
.
Немојте да мислите дека моќните отпорници на излез од rail-овите се за следење на излезната струја. Нема везе, тие се само за мал товар, за да не „шантра“ излезниот напон ако нема товар т.е. за да не прави „пали-гаси“ (да реагира заштитата без потреба), друга намена немаат.
И исходот е, поради поголемата ампеража, акомулаторот се наполна за 2 ипол часа (10 тина) пати заверглав не падна.. значи исправен е, иако сумљав дека е нешто зае*ан, и го изгоре трафото.. меѓу другото, го свртев на максимум потенциометарчето добив максимални 24в на излез, со каснење од некоја секунда.. (некое чаре? за да нема каснење ?)
Континуирано го качуваше или наеднаш рипна кога доцнеше?