Мислам дека го оправив ТВ-то, на крај Тома беше во право со PTC-то...
Прво неколку пати го извадив/ставив конекторот за екранот и ја прелемив целата плочка, ги снема проблемите, си викам тоа е. Сето ова беше со откачена намотка за демагнетизација, бидејќи кабелот е краток и ми сметаше при работа, кога го приклучив на следното пуштање пак почнаа проблемите. Го извадив и сменив PTC-то со друго што го имав дома, но по пуштањето целиот екран се магнетизира и стана шарен. Го сменив и тоа со друго но сега ми прегоре осигурувачот веднаш по вклучување. На сликата се сите што ги пробав, оригиналното е тоа во средина. При мерење од средниот извод кон едниот крај имаше голема отпорност, од редот на мегаоми, кон другиот крај беше добро, неколку десетини оми. Е сега, зошто со овие другите не работеше, дали и тие се неисправни или замената треба да се врши само според ознаките отпечатени горе, иако изгледаат скоро идентични?
Како и да е, го отворив оригиналното, ги размрдав и зачистив „пелетите“ внатре и сега работи како што треба, ќе видиме до кога...
Ви благодарам на сите за помошта...