Мислиш на LVDS кабел
.
Да го сликаш твојот и конекторите на краевите? Можно е да имам некој кој ќе ти одговара
.
И најважно.
Дали си сигурен дека е проблематичен LVDS кабелот? Бидејќи најчесто зезаат конекторите на краевите (поточно, конекторот од странта на екранот), а не самиот кабел... и тоа не конекторот на кабелот, туку конекторот од страната на екранот. Практично, и да го смениш, пак ќе го имаш истиот проблем. Можно е да работи некое време, ама пак ќе почне да зеза
.
Ако не си 100% сигурен дека кабелот е скинат некаде, пробај со игличка исчисти ги (грепкај ги
) контактите на конекторот, но од онаа страна која се врзува на екранот. Исто така, под лупа убаво провери ги лемните точки на женскиот конектор на екранот (конекторот е залемен за T-Con board).