Со ова програмче може да дизајнирате напојувачки секции за засилувачи со електронски цевки
. Програмот прави симулација за зададените вредности и ги дава вредностите на напоните и струите низ компонентите, но истите може да ги претстави и графички
. Значи, пред се е наменето за високонапонски пресметки, но со модифицирање на излезниот напон од трансформаторот, диодите од грецовиот спој и деловите од филтерската секција и нивните параметри (капацитивност, индуктивност, отпорност), програмот може да симулира и стандардни филтерски секции наменети за обични засилувачи или било кое друго коло кое има класично напојување (не SMPS)
.
На долните слики е даден пример за симулација на високонапонско напојување за засилувач со електронски цевки, каде што е искористена C-L-C комбинација
. Од графиците се гледа дека симулаторот целосно го симулира одзивот на излез од напојувањето (вклучувајќи го и брумот
).
На следните слики е даден пример за симулација на класична напојувачка секција на еден моќен засилувач каде што излезниот напон од трафото е 45V AC и каде е искористен еден филтерски кондензатор со вредност од 6800uF и 0.1Ohm отпорност при фреквенција од 50Hz. Се разбира може да се додадат и повеќе кондензатори по потреба
.
Единствена „лимитација“ на програмата е рекламата која стои на долниот дел од екранот, а инаку, софтверот е бесплатен
.
permanent download links:
http://app.box.com/s/mna8y6kvd0f0zugbv3l2
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/F430B379AEEA44F8AA82EC7EA170707AY