Author Topic: NEO DVBT-1100A MC6230-M3105-VER1.0 Set top Box проблем со сигнал  (Read 4566 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
И ако случајно го проработиш со оригиналниот софтвер, направи му dump и стави го како attachment на форум ;).

Со среќа :).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Пробани сите можни сценарија, проблемот си останува ист и можам само да заклучам дека проблемот е во тјунерот а тука му нема помош.
Чинам дека не вреди повеќе да се троши време и ресурси на ова, ќе побарам по огласите ако најдам нешто половно или крај краева ќе земам нов од дуќан. :)
Благодарам на сите кои зедовте учество во дискусијата.
:)



Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Во лименото кутивче претпоставувам има 2 интегрално коло (приемник) и неколку калемчиња кои се филтер за РФ сигнал и нешто ситно како отпорничиња, кондензаторчиња...... Но главниот дел е интегралното коло. Сега се поставува прашањето, дали самиот чип може да изгуби од перфотмансите со текот на времето, работење, висока/ниска температура, лошо произведен ???
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@krema: Ај ако не повеќе, барем сподели го dump-от од рисиверот ;). Можно е на некој да му затреба... вакви рисиверчиња прилично често се користат во руралните средини (викендички по села, па и луѓето кои редовно живеат таму, особено постарите на кои и не им баш важно дали HD, SD сигналот или не знам каков :D), а сите знаеме како знае таму да мавне гром и електромагнетното поле да зезне скоро се полупроводничко во близина :D... особено во денешно време, кога се е веќе базирано на, горе долу, некаков тип на board computer (ако има софтвер, процесор, RAM, компјутер е ;)). Така да, копии од софтверот (dump-овите) се најчесто единственото можно решение да се оправи уредчето во вакви случаи ;).

Сега се поставува прашањето, дали самиот чип може да изгуби од перфотмансите со текот на времето, работење, висока/ниска температура, лошо произведен ???

Не верувам... најверојатно е некоја пасивна компонента, ама иди најди која е :S.

Може да пробаш да го отвориш RF приемникот, да видиш некоја компонента да не греела или да не е лошо залемена, да не пробиена (отпорниче или кондензаторче), под лупа, ама ако и по тоа ништо не забележиш, јас би се откажал. Вади што можеш од него и во ѓубре ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Искрено несакајки го избришав дампот заедно со дампот од руската страна, бев малку несмасен околу ова ама што да правам, ете се деси. :(
Инаку не планирам да го отварам тјунерот, ако можеше да приметиш скоро целата плоча е со најситните SMD компоненти така да се` ќе биде залудно и џабе потрошено време, пробав што беше во мојот домен и не помогна затоа и се откажав веќе од него.
Уште еднаш ќе се заблагодарам на сите кој реплицираа во оваа тема.

п.с. За друг пат ќе бидам повнимателен околу фајловите, давам чесен пионерски збор! :)



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
п.с. За друг пат ќе бидам повнимателен околу фајловите, давам чесен пионерски збор! :)

ОК е, нема проблем ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
А каде се продаваат DVB-T приемници ? Немам видено неколку години да се продаваат.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
^
Сет, техномаркет и добив информација во некои локални дуќанчиња по Скопје.