И така ако го оставиш 7-8 минути главниот процесор(со ладилникот на себе) толку е загреан што не се држи прст на него(ова важи за сите дампови што ги пробав). Со отстрането мемориско коло не се загрева процесорот. Се ми се чини како да е отиден процесорот, а ако некој мисли поинаку нека кажува што понатаму...
Не, најверојатно не е изгорен... или барем не целосно. Ако нешто работи, грее, ако нема што да обработува, не грее. Без софтвер, нема што да обработува. Најверојатно софтверот не е адекватен и влегува во некој loop и затоа грее (како што и си забележал со трепкањето на LED диодата), нешто пробува да направи, ама не му оди (нема адекватен софтвер).
Ако трепка LED диодата, значи процесорот дава команда „ајде трепкај, праи нешто“. Ако ја дава таа команда значи дека барем делумно, работи.
-Со отстрането мемориско коло не се загрева процесорот...
~ Има логика затоа што не се вклучуваат некои напони за работа на процесорот...~
И ова држи вода. Исто како и кај PC (што всушност и се денешните модерни уреди), си има bootloader (BIOS) кој ако процесорот не го исчита или не го подигне како што треба, можно е некои напони да ги нема на определени места. Тоа му е start up sequence. Проверува дали се е во ред, bootloader, RAM, CPU, периферии, итн., и тек тогаш пушта се во работа (ги дава сите напони). Ако нешто не е во ред, си дреме и голем дел од перифериите, а и дел од напоните потребни за негова работа, можно е да не ги пушти.
Зависи од изведба до изведба и од софтвер до софтвер, нема правило за ова.
Значи, да сумирам, не викам дека процесорот не е проблематичен, можно е да е, но сепак, би јас исцрпил секоја друга опција пред да го прогласам процесорот за неисправен.