Author Topic: Лабораториски извор на напојување 0-30V / 0-3А  (Read 13994 times)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male

Имаш некоја систематска грешка при мерењето. Пинот 7 на сите 3 кола е врзан во иста точка. Не смее тука да имаш различни напони. Или имаш некоја грешка во водовите на плочката или мериш на различни маси. (внимавај на негативниот напон).

Сите напони на операциските ги мерам според пин 4 од операциските кој е маса. Грешка во водовите не знам дали има, бидејќи јас не ја правев плочката.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Напонот на C4 се движи од 0V до 8,5V.

Е ова, некако не ми прави логика. Провери ги компонентите околу U1: R4, R5, R6, D8 (да не случајно има погрешна вредност оваа зенерка ???)... исто така и R18, R8 и R9. Типувам на R4, R5 и R6. Некоја од овие компоненти или си ги заротирал или имаат погрешни вредности.

Имаш некоја систематска грешка при мерењето. Пинот 7 на сите 3 кола е врзан во иста точка. Не смее тука да имаш различни напони. Или имаш некоја грешка во водовите на плочката или мериш на различни маси. (внимавај на негативниот напон).

Негативните пинови за напојување не им се на сите на ист rail, има посебен дел за генерирање на -5.1V во однос на минусот на напојувањето за калибрација на 0V излезен напон.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Ги проверив елементите, тие се вредностите. Диодата ја одлемив и проверив дали е исправна и се покажа дека е во ред. Навистина не знам што е со нештово.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
D8 е зенерка. Провери да не е случајно обратно означена. Провери гполаритетот и на останатите диоди. Знаат Кинезиве обратно да означат поларитет, ми се има случено со LED и обични диоди.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Да, D8 ја проверив и уште една зенерка до неа. Двете се во ред.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Тоа до неа не е зенерка, 1N4148 е тоа, обична сигнална диода.

Абе... знаев дека нешто имаш утнато ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Не Гига, не е утнато, помислив дека е зенерка оти е во такво паковање, не ја проверив ознаката на интернет. Инаку на точно место е таа диода, каде што треба. Испомешав зенерка со сигнална, тука во постот, на плочата е во ред.  ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Знаеш што... ај вака направи. Расклопи го целиот уред (одлеми се), измешај ги деловите, бидејќи има многу кои се исти, особено полупроводничките, премери ги сите пред да ги ставиш назад, склопи го пак, види дали ќе работи како што треба... не знам што друго да ти кажам ???. Веќе немам идеи што може да биде проблемот :-\.

Кога P2 е во максимална десна позиција (нема ограничување на јачината на струјата на излез од напојувањето), на краевите на P1 (не меѓу лизгачот и некој од краевите, туку меѓу едниот и другиот крај) треба горе-долу да добише ист напон како што има меѓу пиновите 7 и 4 на U1, арно ама, не го добиваш тој напон... барем јас така разбрав од тоа што го пиша до сега ???.