Почитувани колеги. Сите колку толку се познаваме на некој начин. Најголем дел од дискусиите се од областа на електрониката, но еве има и подфорум за теми кој не се дел од електрониката. Сакам оваа тема да биде наменета за членови кој служеле војска. Воениот рок за некого претставуваше хорор, а кај друг добро животно искуство и школо. Тука можеме да дискутираме каде сме биле во војска, војнички искуства, што сме ''украле'' како сувенири, како поминавме на обука и така натаму.
Еве ќе почнам од мене.
Октомвриска класа 1999 година. В.П 2458/8 касарна ''Алексо Демниевски- Бауман'' Велес.
Заминав доброволно на отслужување на воениот рок откако матурирав и сум дел од 33 генерација АРМ.
Командант на касарна беше полковник Адил Газафер, а командир на мојата чета беше капетан Штерјо Николов, потоа постар водник Џевад Кицара и подпоручник Игор Накев. Должев снајперска пушка ПАСП М76. Добив и наградно отсуство 7 дена за гаѓање и бев преложен да добијам војнички чин. Како разводник посетував курс за десетари и полагањето го положив со одличен успех. Кон крајот на декември 1999 година добив прекоманда во В.П 1559 караула Богородица во Гевгелија. Караулата имаше 30 војници и кога станав "џомба" како десетар бев командир на "алфа" тимот кој се состоеше од 8 војници. Исто тка дававме и касарска стража во касарната во Гевгелија, бидејќи во касарната имаше само логистика, секој војник мораше варем еднаш да оди на стража една недела во касарната, односно три војници од мојата караула и три од друга караула.На караула останав до крајот на мојот воен рок. Имам уште многу да кажам, но ете да го скршам мразот и да оставам простор за другите.