Author Topic: Проблем со LED ТВ LG 37LV375S-ZC  (Read 2220 times)

Offline Acki2009

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 110
Проблем со LED ТВ LG 37LV375S-ZC
« Opened on 13.09.2017, Wednesday, 18:27:49 (Edited 14.09.2017, Thursday, 12:13:06) »
Се работи за тв LG37LV375S-ZC PCB:EAX62865601/7 REV1.0 Mother board LD1 EAX63557704 (0) 101217
панел Model T370HW05 V.1 Тв-то има проблем што не сака да се вклучи, лед ламбата трепка неколку пати се вклучува релето на пцб плочата и светлоста на лед диодата не намалува како да жари, забележав дека се палат и сигналните диоди и на лан конекторот што милам дека не е во ред. Ги мерев електролитите на пцб плочата даваат солидни резултати, ги мерев и на поните 12в, 24в, 3.5в кажуваат дека се во ред како што се напишани на пцб. Многи се загрева ладинникот од процесорот незнам дали е во ред тоа. Тв се изгаснал во работа тоа значи дека не е оштетен од струен удар или преку лан портата. Дали сето ова наведува дека е во дефект матичната плоча?? Ви благодарам!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со лед тв LG 37LV375S-ZC
« Reply #1 on 14.09.2017, Thursday, 12:09:33 »
Пушти го да работи (нека си прави што и да прави, светат LED диоди, LAN, ова она) и веднаш допри го ладилникот за процесорот... или уште подобро, држи го пред да го пуштиш во работа. Ако веднаш почне да грее (нагло) и да дига висока температура (висока значи по некое време да не можеш да го држиш без да направиш „ау, жешко“ и веднаш да го тргнеш прстот од ладилното тело), значи отиден е процесорот. За секој случај, ако е во SMD пакување, види ако можеш да најдеш datasheet од него, види кои му се напојувачки пинови и мери напон на нив, да видиш дали доаѓа адекватен напон. Ако е во BGA, нема поента да го правиш ова, нема како да измериш. Ако се како што треба од аспект на напојување, а процесорот само многу дига температура и ништо не работи, процесорот е отиден. Спас... нова плоча.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Acki2009

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 110
Одг: Проблем со LED ТВ LG 37LV375S-ZC
« Reply #2 on 14.09.2017, Thursday, 13:06:14 »
Процесорот почнува одма да се загрева но не толку многу да не можи да се држи, можеби се загрева до кај 60 степени.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со LED ТВ LG 37LV375S-ZC
« Reply #3 on 14.09.2017, Thursday, 14:05:43 »
Quote
... загрева до кај 60 степени.
Сосема во граници.

Шема.
Code: [Select]
https://elektrotanya.com/lg_37lv370s-zb_37lv375g-s-w-zc_chassis_ld12b.pdf/download.html
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со LED ТВ LG 37LV375S-ZC
« Reply #4 on 14.09.2017, Thursday, 19:31:54 »
Процесорот почнува одма да се загрева но не толку многу да не можи да се држи, можеби се загрева до кај 60 степени.

Не знам за тебе, ама јас на 60 степени, веќе тешко може да држам било што подолго од секунда, две.

Само да знаеш дека најчесто имаме погрешна перцепсија за тоа колку е нешто жешко. За температури до кај 40 степени, правилно расудуваме бидејќи, до таа температура може да ја има човечко тело (под услов да сме болни, пу пу, скраја да е ;)), ама за температури над 40-тина степени, веќе и 50 степени ни изгледа прилично жешко, така да, реално гледано. Ако можеш да го држиш ладилното тело околу 2, 3 секунди, температурата би требало да биде меѓу 50 и 60 степени... од прилика.

Инаку да, Toma е во право, ако загрева до кај 60 степени, во граници на нормала е.

Но, сепак, мислам дека треба да се испита дали веднаш по вклучување ја дига таа температура. Ако наеднаш ја крева таа температура... што знам... има шанси да е неисправен процесорот. Не би требало наеднаш да крева температура.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Acki2009

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 110
Одг: Проблем со LED ТВ LG 37LV375S-ZC
« Reply #5 on 17.09.2017, Sunday, 19:50:42 »
Дали доколку има проблем со флешот може да се дијагностицира да е до него? И каде може да се најде матична плоча за ова тв??

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со LED ТВ LG 37LV375S-ZC
« Reply #6 on 17.09.2017, Sunday, 23:23:48 (Edited 17.09.2017, Sunday, 23:34:27) »
Па... ако е проблематичен софтверот, најчесто изгледа се како да работи како што треба, ама нема ни слика, ни мени... ништо. Едноставно, се пушта во работа телевизорот и бланк екран има... толку. Ни сака да влезе во мени ни splash screen по вклучување во работа... ништо. Притоа, најчесто, не грее многу процесорот бидејќи софтверот укочува некаде и не сака да продолжи да се load-а до крај. Има и сутуации, ако софтверот влезе во некој loop на исчитување/запишување, процесорот да грее многу. Ова е тешко да се дијагностицира и освен ако немаш dump баш за тој модел и да пробаш да го презапишеш во flash-от па да видиш дали ќе се подигне, нема друг начин како да разграничиш дали проблемот е во софтверот или процесорот.

Матична плоча пробај да најдеш на ebay или aliexpress. Може да најдеш и некоја користена, ама исправна, само гледа да е од ист модел за да не мора да менуваш софтвер на плочата. Ако начекаш нова, најверојатно или ќе биде бланк flash-от или софтверот во него најверојатно нема да одговара за твојот модел... освен ако по некоја случајност е универзален софтверот (прилагодлив) или евентуално (уште помалку веројатно) софтверот во него е баш за твојот модел.

EDIT: Може да провериш и колку струја влече процесорот на напојувачкиот rail. Би требало да е 3.3 или 2.7V rail. Можно е и напојувањето директно да не го дава овој напон, туку преку секција за стабилизирање/намалување на напонот да го дава напонот за напојување на процесорот. Ако влече повеќе од 3, 4A на тој rail веднаш по вклучување, најверојатно е отиден. Додека се се подигне, треба да помине барем секунда или две и процесорот троши повеќе струја само ако обработува нешто. Додека се подигнат периферии, flash, совтвер, ова она, не би требало да троши повеќе од 1A (не знам што MCU има, така да, од око, лаички, би кажал 1A максимум). Е, тек кога ќе почне да декодира (прикажува на екран) дигитални канали, особено ако се HD, тогаш треба да рипне потрошувачката.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Пробај софтвер па потоа барај цела плоча.

Освен ознаките LG 37LV375S-ZC потребно е да се бара и по ознаките ...после ZC има пример: BEUDLJP како на сликата подолу,  а исто така и  ознаките на панелот.

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!